Вистинскиот живот на шпанските имигранти во Берлин

За само една година бројот на Шпанци кои доаѓаат во Германија двојно се зголеми, сепак само една третина од нив успеаваат да останат повеќе од неколку месециј. Амаја, Педро и Пабло ќе ни кажат како е да се биде шпански имигрант во Берлин.

Здраво дечки! Денес ќе пристигнам во Берлин, ќе се преселам тука на неодредено време и никого не познавам па би сакала да одам на некоја средба за дружење или само на едно кафе бидејќи за никаде е да се биде сам!

Оваа порака, напишана од една девојка по име Марта, во август беше постирана на една Фејсбук група наречена „Шпанци во Берлин“ која редовно ја посетуваат околу 4000 регистрирани членови. Друга слична група со истото име веќе има повеќе од 14000 корисници. Целта на двете страници е иста: меѓусебно да си се подаде рака сѐ со цел привикнувањето на животот во Берлин да не биде толку тешко. Студенти, возачи, инженери, артисти, невработени, медицински сестри…Ѕидот на групата е полн со луѓе кои бараат или нудат помош во надминувањето на во голема мера значителната германска папирологија или пак само да се најде евтин електричар.

Освен тоа, постојат луѓе, како девојката која ја постирала пораката, кои само бараат друштво за полесно да ги поминат првите денови, бидејќи тие се најтешките во странски град. Ваквите пораки се и најчести. Со секој поминат ден, се повеќе Шпанци си ја пробуваат среќата во странство. Всушност бројот на Шпанци кои се преселиле во Германија во последната година дена се зголемил за 50%. Во 2011 година, според бројките на Германската сојузна служба за статистика пристигнале околу 20000 Шпанци, а во 2012 година имало околу 30000 луѓе.

AMAYA LÓPEZ AYALA (Foto: Privat)
АМАЈА ЛОПЕЗ АЈАЛА

Погоренаведените информации не тераат да веруваме дека овие бројки само ќе продолжат да растат во текот на 2013-та година. Амаја Лопез Ајала на пример, само што пристигнала во Берлин и исто така е член на Фејсбук групата каде што и одговорила на пораката на Марта.

Здраво Марта! Јас сум во истата ситуација како тебе: Пристигнав во петокот и останувам овде на неодредено време. Обично излегувам надвор секоја вечер за подобро да го запознаав градот. Еве го мојот број од мобилен и можеш да ме контактираш кога сакаш 🙂

Дваесет и четиригодишната Амаја е индустриски дизајнер. „Дојдов овде за да завршам магистерски студии по производен дизајн, но исто така да си го зголемам нивото на култура, да се издигнам како личност и да впијам сѐ што градот има да понуди.“ Сега засега планира да остане тука најмалку две години, а „потоа ќе видиме“. Сѐ зависи од околностите и како сѐ ќе испадне. Иднината е непредвидлива, „особено за нас во овој град.“

Се надева дека ќе најде работа според струката. „Секој доаѓа тука со оваа цел. Знам дека почетокот секогаш е тежок, но човек мора да издржи и ако не најдам нешто што ќе ми ги задоволи моите академски потреби, тогаш ќе работам во област во која ќе најдам работа. Мора да започнете од дното и да се издигнувате чекор по чекор“.

Кога ја прашуваат дали се откажала од нешто со напуштањето на нејзината татковина, нејзиниот одговор бил јасен: „Се откажав од еден куп работи“! Мојот дом, фамилијата, пријателите, партнерот, мојот град….Но, јас не го гледам тоа како откажување од нешто или некого, туку просто како можност која ти се нуди  и твоите пријатели и фамилијата, особено фамилијата, секогаш ќе бидат тука за тебе. Ако можев да ви дадам совет тоа би било дека мора да дојдете овде подготвени да го освоите светот. На крајот на краиштата, ако работите не тргнат на арно секогаш можете да се вратите дома.“

Само еден од тројца Шпанци успеваат да останат во Германија

Многумина пристигнуваат, но исто така има многумина кои решаваат да си одат дома. Извештајот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) наречен „Гледиште на меѓународната миграција“ покажува дека само еден од тројца Шпанци кои скоро пристигнале во Германија успеава да ги помине првите неколку месеци.

PEDRO SÁNCHEZ (Foto: Privat)
ПЕДРО САНЧЕЗ

Педро Санчез, 24 годишен доктор, решил да се врати дома откако една година живеел во Берлин. „Моето претходно искуство како Еразмус студент во земјата придонесе да не сум изненаден од многу работи. Но, иако е клише, никако не се навикнав на долгите зими. Исто така ова ми беше прво искуство на германско работно место и бев изненаден од далечината во контактите со моите колеги. Ова е нешто што нас Шпанците особено не шокира.”

Дополнително на оваа пречка „она што најмногу ме измори беше колку фрустрирачко е обидувањето да се добие течност  во јазикот.“ После нешто повеќе од година дена во Берлин, заклучив дека дека ќе имам поголема корист од работењето како доктор на мојот мајчин јазик. Тоа што бев далеку од семејството и пријателите  исто така почна да претставува напор иако се подготвував себеси за тоа. Сега кога кажав дека имав можност да бирам каде ќе работам, иако за жал ова не е вистинската слика на моменталната катастрофална ситуација во Шпанија, претпоставувам дека можам да се наречам себеси привилегиран.”

Да можев да се вратам назад во времето да го сретнам „оној Педро од периодот пред Берлин“, би го советувал да биде поразбирлив и потрпелив кон културните разлики. Европската мобилност навистина помага во овој аспект, но разликите секогаш ќе постојат и затоа мора да бидете способни на поголемо трпение отколку во вашите нормални опкружувања. Исто така би му кажал да не се откажува од студирањето или обидувањето да научи германски, без разлика колку фрустрирачки може да биде тоа и секако, да си купи добра јакна штом ќе стигне во Германија.

Повеќе од половина од младите Шпанци се невработени

Изгледа овие потешкотии не ги предомислуваат Шпанците кои продолжуваат да доаѓаат во Германија, главно мотивирани од фактот дека стапката на невработеност во Шпанија е 26.9%. Оваа бројка е уште полоша доколку предвид се земат младите. Според најновите бројки на Еуростат, 57.2 од младите Шпанци немаат работа.

PABLO LÓPEZ BARBERO (Foto: Privat)
ПАБЛО ЛОПЕЗ БАРБЕРО

Пабло Лопез Барберо има 27 години и е запишан на магистерски студии по економско новинарство. Тој и припаќа на млади луѓе без работа и моментално е дел од онаа третина која успеала да остане во Германија. Ја напуштил Шпанија за да си ја подобри ситуацијата со работатаи да си го „исполни сонот да живее во Германија“. Добро му тргнало. Пристигнал во август 2012 година и од тогаш нашол работа која е поврзана со неговите студии и „стан во кој се чувствувам комфорно“. Не планира да се враќа во Шпанија бидејќи „ми се допаѓа животот кој го живеам овде“ и тој не верува дека може да се врати без да назадува на кариерната скала.

Клучот на неговиот успех е во фактот дека веќе имал добор владеење со германскиот јазик уште пред да пристигне и ја познавал земјата бидејќи претходно искористил грант на Еразмус програмата. Од неговата гледна точка, многу Шпанци пристигнуваат со многу нереална слика за Германија. „Многумина од нив не знаат дека и овде исто така постои несигурност и како тоа изгледа…“ Мнозинството од Шпанците кои ги познава во Берлин се среќни во земјата, „но никој од нив не мислат долгорочно да останат во Германија. Мислам дека се задоволни со тоа што го имаат, но на некој начин не го добиле тоа што го очекувале. Добрата работа во тоа да се престојува во странска држава, она што и надоместува за оваа ситуација, е можноста да се научи нов јазик или да се осознае нова култура.Во Шпанија овие луѓе само би се фрустрирале.”

Пораката на Марта во групата „Шпанци во Берлин“ за само 24 часа доби 55 одговори кои содржеа договори за организирање на излегувања во град, размена на броеви и посакување на среќа на оние кои само што пристигнале. Една третина од нив ќе останат. Останатите ќе мора да се вратат дома по некој месец. „Ова место не е рај,“ нагласи Педро. Не треба да имате нереални очекувања. Сепак, искуството кое го добивате живеејќи во странство е непроценливо, а Германија е добра држава за учење.”

[[crp]]

Автор

Х. Игнацио Уркихо Санчез (Шпанија)

Студира: Новинарство и меѓународни односи

Зборува: шпански, англиски, основен каталонски

Европа е…мешавина од неверојатни култури , од Шекспир до Сервантес, од манастирот Рила до зајдисонце во Роке Нубло.

Blog: www.ignaciourquijo.wordpress.com

Twitter: @nachourquijo

Превод

Petar Jankuloski (Македонија)

Студира: Превод и толкување (EN-MK-FR)

Работи: Global Voices на македонски (волонтер), TED Talks-заедница на преведувачи

Говори: македонски, српско-хрватски, англиски, француски, малку шпански, чешки и германски

Европа е… мој став… дом… порта кон светот… лулка на разновидноста

LinkedIn: Petar Jankuloski – LinkedIn profile

This post is also available in Bosanski - Hrvatski - Srpski, Deutsch, English, Español, Français, Galego, Italiano, Magyar, Polski, Português, Română, Slovenčina, Türkçe, [Main Site] and Русский.

Author: maria

Share This Post On

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

css.php

By continuing to use the site, you agree to the use of cookies. more information

The cookie settings on this website are set to "allow cookies" to give you the best browsing experience possible. If you continue to use this website without changing your cookie settings or you click "Accept" below then you are consenting to this.

Close