Добредојдовте во “Meeting Halfway”…

….новиото Европско списание, соработка на дваесетина автори  и повеќе од стотина преведувачи од целиот континент. Многу луѓе вложија голем труд во овој проект за време на изминатите седмици и месеци, и се надевам дека ви се допаѓа крајниот резултат.

Ова не е вистинското место за да ви ја раскажам целата приказна за МН, но сакам да споделам со вас што значи за мене да се биде дел од оваа приказна: Во изминативе неколку години цврсто верував во Европскиот сон, во сонот за мир и пријателство, во тоа да не се откажуваме од своите национални и регионални традиции и култури додека го градиме истиот. Многу често, се кажуваше дека овој сон никогаш нема да се оствари и дека Европската Унија е само економски инструмент кој земјите членки го користат како што ним им одговара.

Читаме во весници, слушаме на радио и на ТВ дека Европа е далеку од обединета. Читаме дека луѓето од југот се мрзливи и не плаќаат даноци. Дека сите Британци сакаат да ја напуштат Унијата.  Дека новите членки како Романија и Хрватска се заинтересирани само за монетарните бенефиции, но не и за некаков друг проект. Дека луѓето од северна Европа не ги сакаат Грците, и дека Грците не ги сакаат Германците, и дека Германците не сакаат никого.

Сега дозволете ми да ви кажам нешто : сега вие читате на веб-страница создадена од млади луѓе од цела Европа. Доброволно, во нивното слободно врме. Не заради пари, туку заради тоа што веруваат во идејата позади овој проект.

Дозволете ми да ви кажам уште неколку работи:  Грците кои ги напишаа приказните беа едни од најсигурните. Британскиот преведувачки тим е еден од најголемите, со дванаесетина луѓе кои воопшто не покажуваат недостиг на интерест за Европа. Но, не е голем колку Романскиот тим на пример кој успеа да ја преведе скоро секоја приказна. Јас, покрај другото, сум Германка и никој не изразил лоши чувства заради тоа.

Секако дека не е сè совршено. Многу луѓе ни се приклучија со голем ентузијазам, но само по две недели кажаа дека за жал не можат да бидат дел од овој проект. Некои исчезнаа без трага и никогаш не слушнавме за нив повторно…Се уште има јазици кои недостигаат на веб-страната. Француски, на пример. Не знам зошто. Можеби само не сме допреле до вистинските луѓе.

Но и покрај тоа, успеавме да ви прикажеме добри приказни на дваесетина јазици.

Пред да завршам, сакам да одговорам на едно прашање кое ми беше поставено многу пати: Зошто да објавуваме на сите овие јазици кога денес сите може да читаат на англиски? Јазикот е голем дел од тоа што сме ние, од нашето наследство, дури и од начинот на кој што размислуваме. За мене, сите овие различни јазици ја преставуваат сржта на Европа, сите тие се различни и уникатни. Знаете ли дека, додека го пишувам ова јас немам поим на кој јазик вие ќе го читате и мислам дека тоа е сепак прекрасно.

Се надеваме дека ќе уживате читајќи “Meeting Halfway”, и ќе се вратите наскоро.

Мариа-Ксениа Хардт и целиот МН тим

Мариа-Ксениа Хардт (Германија)

Студира: Англиско-американска литература / Португалски

Зборува: германски, англиски, француски, португалски

Европа е….бар на мојот студентски престој, патување со воз од Варшава до Лисабон, и Лига на шампиони.

Twitter: @mxhardt

Превод

Kristina Busheska (Македонија)

Студира: Француски јазик и книжевност

Говори: македонски, српско-хрватски, англиски, француски, шпански и малку романски

Европа е… културна димензија, начин на живот, дом на големи умови

 

 

Author: Anja

Share This Post On

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

css.php