Секоја минута осум луѓе напуштаат сѐ зад себе, за да побегнат од војна, прогонство или терор. Денес, има околу 45 милиони раселени луѓе. Од нив, повеќе од 15 милиони се бегалци додека останатите се раселени во границите на сопствената држава. 9900те луѓе кои имигрирале во Ерменија од Азербеџан (над 300,000), Ирак (над 26 семејства) и Сирија (над 6000) сеуште имаат статус на бегалци.
Веќе многу години, различни настани се организираат насекаде во светот на интернационалниот ден на бегалците, што има за цел нивна интеграција во општеството. Оваа година Ерменија му се приклучи на тимот, организира настани за интегрирање на Ерменци од Ирак, Ерменци од Сирија и бегалци од Азербеџан. Неколку креативни flash mobs* настани беа организирани на 16, 20 и 23 јуни.
На 16 јуни неколку групи бегалци, и други луѓе кои изразија интерес, со моливите и хартиите во раце излегоа на “ прошетка за цртање” Шетајќи правеа копии од секој интересен знак или архитектонски дизајн. Саргис Рштуни од Сирија, кој се преселил во Ерменија минатата година, во Алепо** ја започнал оваа активност како дел од младинското движење “Кампања за уметноста”. Тој вели: “проектот “Изгубените шаблони на мојата земја” се одржa и во Алепо но и како сѐ друго, беше стопиран од конфликтот. Сега сакаме да направиме слични проекти во нашата нова татковина. Ние ќе ги копираме шаблоните и елементи од дизајнот на објектите, за да докажеме дека уметноста може да биде добра и исплатлива истовемено”. Тамар Вардинан од Ирак, дел од учесницичките, немаше многу што да каже но уживање во flash mob настаните. На секое прашање одговараше едноставно со палците нагоре.
Flash mob настанот насловен како “маршот на белиот чадор” кој се одржа на 20 Јуни со околу 100 учесници помина низ улиците на Ереван*** извикуваjќи: “Дури и едно семејство бегалци е премногу!” , “Дури и еден бегалец без надеж е премногу”, “ Дури и едно дете без државјанство е премногу”… Слоганите помагаат да се дознае колку е важно да се подржат и помогнат овие луѓе и да потикни борбата против принудното раселување. Овој марш беше признание за оние луѓе кои мораат да најдат сила да започнат нов живот од ништо.
Друг настан беше одржан на 23 Јуни, кошаркарски натпревар, чии учесници беа бегалци од Сирија и Ирак но и многу млади луѓе кои покажаа солидарност кон овој проблем. Кошарката е тимски спорт, ги поврзува луѓето и ги учи на меѓусебна подршка во патот кон победата. Учеството во спортски и други групни активности е добар начин за бегалците да надминат многу пречки, но најважно, да го надминат минатото и да започнат нов живот.
Сите овие настани, беа организирани од УНХЦР (Високиот комесаријат за бегалци на обединетите нации) од Ерменија со цел да се потикни ерменската популаризација да го препознае и да разбере, дека за овој проблем е потребно решение.
__________________________
*flash mob е настан кога одеднаш група луѓе ќе се соберат на јавен простор и за кратко време ќе изведат одреден перформанс заради реклама, забава или уметничко изразување.
**Алепо е голем град во северна Сирија и седиште на провинцијата Алепо
***Ереван е наголем и главен град на Ерменија
__________________________
[crp]
Најнови коментари