Миграцијата во суштина е борба

Миграцијата во суштина е борба. Борбата во оваа приказна не се однeсува на проблемите со кои се соочуваме во секојдневниот живот, туку на проблемите со кои се соочуваме при интеграцијата во ново општество. Овие приблеми можат да доведат одредени луѓе да не можат да се вклопат никаде, дури ни во сопственото општество. Антонис Христакос, 75 годишен грк, ја сподели со мене својата приказна на емигрант. Се запознавме кога му понудив нешто што тој особено обожава: “tsipouro,, традиционална грчка ракија од остатоци на грозје, маслинки и друго овошје. Тој беше смирен, подготвен на одговори на било кое прашање, но во исто време љубопитен да дознае што всушност е ова интервју. Тој започна да ја споделува својата приказна без понатамошни одлагања.

20130827 antonis 2

Антонис потекувал од јужниот дел на Пелопонез, од фамилија на мигранити. Тој од мали нозе знаел што значи да се напушти домот во потрага по подобар живот. Неговиот дедо заминал во Америка пред “воопшто да се измисли зборот емигрант”-вели тој.

Намерата на Антонис да ја напушти Грција не доаѓала само од оваа “семејна историја”. Меѓудругото, после втората светска војна и веднаш по неа грчката граѓанска војна, социо-политичката ситуација во земјата била задушувачка и неподнослива за Антонис кој потекнувал од радикално либерално и длабоко демократско семејство. На почетокот на 60тите кога Антонис сакал да ја наушти земјата, на сила бил општествен систем чија алка претставувал и серификатот за етничка припадност. Овој сертификат имал за цел да докажи дека оној кој го поседува е “посветен на државата, државноста и правото”. Тоа бил начин на кој “безбедностната полиција ” собирала информации за незините граѓани. Грците кои сакале да емигрираат морале да аплицираат за овој сертификат. Поедниците кои не го поседувале овој сертификат биле соочени со големи проблеми при барањето на работа, биле сметани за опасни за државата и биле сомничени за илегални активности. САД и Австралија, како тогаш “популарни имигрантски дестинации” барале официјален документ каков што бил овој сертификат за сите грци кои сакале да влезат во земјата. На Германија од друга страна очајно и биле потребни работници. Во тој период е и големата германска експанзија во која земјата имала засилена побарувачка за работна рака. Антонис заминал за Германија на 21 годнина кога “Грција скоро и да посакувала да се ослободни од младите кои како радикалисти претставувале опасност за конзервативното општество”

Антонис ги вади очилата и кажува како доживеал шок: како тој погрешно помислувал дека “пари ќе ги преплават улиците” како во земја со непознат јазик се чуствувал “неспособен да зборува и разбира”, како бил осамен бидејќи останатите имигранти грци не му понудиле подршка. Антонис заминал со помисла дека да се биде грк во Германија е нешто посебно, но всушност научил дека “сè што знаел дотогаш било погрешно”.

Оваа погрешна прецепција на новиот живот се проширила  и на социјализацијата. Тој неможел да комуницира и да се социјализија со луѓето околу него, сам во странска земја, каде што единствено имал работа како неквалификувам работник. “Тогаш се чуствував многу очајно, без луѓе со кои би разговарал, единственото решение на кое помислував беше самоубиство”. Тој вели:“Стоев сам ноќта, пред Рајна, гледав во неа и бев подговен да скокнам во водата”

Луѓето во Грција велат секое зло носи нешто добро, Антонис запознал неколку германци баш таа ноќ. Тие луѓе му помогнале да го промени начинот на живот, да се социјализира, да се отвори за нови можности.

Антонис се приклучил во СДП, социјал-демократската партија на Германија, додека Грција била управувана од армијата. Тој учестувал во различни синдикати и се запишал на курс по социологија затоа што знаел дека неможе да напредува како неквалификуван работник. Кога дипломирал тој се вработил како социјален работник во организација управувана од евангелистичката црква, негово задолжение било да ги образува младите за културниот шок.

Неговата најголема забелешка е дека “Грција никогаш не им помогна на грчките имигранти во Германија “. Како Грција да сакала да се ослободи од овие луѓе, спротивно на тоа, на имигрантите во САД им била понудена помош, најверојатно затоа што тие биле предалеку за да се вратат лесно. Добар пример за тоа се грчките училишта во Германија од тој период. Учениците, сите деца на грчки имигранти, не го изучувале германскиот јазик, на тој начин им била оневозможена шансата да се интегрираат во општеството. Во истиот период, дел од грчките имигранти во Германија решиле да се вратат назад во Грција. Антонис, чија работа било да ги обучи овие луѓе пред враќањето, ги опишува нивните чуства: Грција за нив беше како свет од фантазијата, од рајот, но вистината е дека тоа беше лажен свет. Тие морале да се соочат со голем број бирократски процеси од страна на грчката влада за да можат повторно да се населат во родниот крај. На крајот многу од нив морале да се вратат назад во Германија затоа што сите неопходни процедури биле премногу груби, премногу тешки и премногу скапи за нив. Грчката влада направила сето тоа да излгеда дека тие се враќаат во Германија по сопствена желба, а не заради нефер процедурите.

Антонис чустувал дека е изгубен грк: “човек кој ги учи другите за културниот шок  и миграцијата, но никогаш неуспеал да се справи со болката која тие ја предизвикуваат”. Кога се вратил, после 30 години поминати во странство, се обидел да го прилагоди начинот на живот во Германија со различната реалност што ја сретнал во Грција. Тој мисли дека денес, површноста владее, вели дека не може да оствари подлабока комуникација со грците. Јас го прашав дали сака повторно да замине, тој вели дека не би можел да ја поднесе германската зима, сивото небо од септември до април. Тој го сака грчкото небо и сонце, но длабоко во себе тој ја посакува својата Грција-место во кое е добредојден, во кое се чуствува како дома дури и ако е принуден од политичката ситуација да ја напушти.

20130827 antonis 1

Миграцијата оставила лузни на него. Тој е човек со единствено држење, однесување и изглед. Неговото раскажување потекнува од сите култури со кои се сретнал, човек кога ќе го запознае се чуствува обврзан да го почитува, низ неговите очи зрачи идејата која секој од нас ја посакува: само љубов, слобода и разбирање, без разлика на националноста. Но, она што го носи во своето раскажување е смисла за патување, култура и космополитизам и понекогаш кога нешто погрешно е присутно, очај, за сите нешта кои не повредуваат,  за сите потешкотии со кои се соочуваме.

[crp]

Автор

Анастасија Карути (Грција)

Студира/Работи: Англиски јазик и книжевност/Преведувачки студии, Обучувач, Преведувач, Сликар

Зборува: грчки, англиски и романски

Европа е ..моето гнездо, мојата почетна точка, место каде што можам да го покажам мојот потенцијал, Акрополис и божествената светлина на Трансилванија.

Blog: caramelisedfruits.tumblr.com

Превод

Eva Vasileska (Македонија)

Студира: Архитектура

Говори: македонски, англиски, српски, хрватски и словенечки

Европа е… место во кое мора да се живее!

Linkedlin: http://si.linkedin.com/pub/eva-vasileska/5a/351/60a

Превод

Kristina Busheska (Македонија)

Студира: Француски јазик и книжевност

Говори: македонски, српско-хрватски, англиски, француски, шпански и малку романски

Европа е… културна димензија, начин на живот, дом на големи умови

 

Author: Anja

Share This Post On

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

css.php