„Политички некоректно“ готвење

Запознајте го Љубомир Станишиќ, најпознатиот „политички некоректен“ готвач во Португалија.  Иако до ден денешен се декларира како Југословен, тој е роден во Сараево, израснал во Белград, а денес на светот му покажува што научил од мајка си, вклучувајќи некои од најпознатите јадења од поранешна Југославија.

20130824 serbian chef 1

Готвење без стратегии и начини…или на 100 начини. “100 Maneiras” е името на познат синџир на ресторани во Лисабон, чиј што сопственик е 34-годишниот готвач Љубомир Станишиќ и денес тој е еден од најдобрите португалски готвачи. Иако на португалците им е тешко да го изговорат неговото име (кое на српски значи „љубов и мир“), тој е синоним за еден од најпочитуваните кулинарски мајстори во Баиро Алто. Љуба или „Батата“ (компир), како што е познат меѓу пријателите, беше еден од тројцата судии во португалската верзија на кулинарската емисија „Мастер шеф“ („Master chefs“ ) како и автор  на книгата “Papa Quilómetros”. Тој е луд по Веспи. Португалија. Жени…

Ќе го сретнеме во ресторанот „Амфитеатар“ на Азорите каде е дојден службено, за да ја презентира својата кујна и да го доврши снимањето за новата емисија која од септември ќе се емитува на ТВ Фокс во Србија. Во обувки за на плажа, секогаш насмеан и со тетоважа на левата рака, Љубо не можете да го промашите. Си витка тутун и духовито им прераскажува анегдоти на новинарите на совршен португалски јазик. Овде медиумите го обожуваат, а го запознале во емисијата „Master chefs“  на националната телевизија РТП.

„И ден денеешен се декларирам како Југословен, бидејќи целата моја фамилија била љубовџиска и така сите се измешале, Хрватите со Муслиманите, Муслиманите со Србите…иако јас имам српско и православно име Љубомир, не сум некој голем верник, така да се чувствувам како Југословен…и таков ќе останам целиот мој живот“, вака ја започнува приказната најпознатиот португалски готвач.

Љуба, како што го викаат неговите пријатели, е роден во 1978 година  во Сараево, но војната го принудила да се пресели во Белград. Се започнало кога се запишал во хемиско-прехранбено училиште и почнал да работи во позната белградска пекара. Додека неговите другари талкале бесцелно и сонувале за  нови џорданки или „air max“ патики, тој на 15 години веќе заработувал свои пари. Во тоа време, како што тој кажува, во Србија било времето на „дизелашите и мафијашите“ и затоа со 200 германски марки в џеб решил да оди во Будимпешта…Неколку месеци миел садови за да заработи и за понатаму да патува низ Европа..

20130824 serbian chef 8

“Шест месеци миев садови и знаеш што, секој занает се учи, но само со напорна работа. Не се срамам од тоа, напротив, тоа беше основатс на мојата работа. Тоа ме тераше уште повеќе да се трудам и да станам кулинарски шеф. Што знаев јас во тоа време?…Во Србија во 1990-те не се знаеше ништо…Си терав некој свој филм, го читав Буковски и не знаев ни што сакам ни што ќе бидам…Но, мајка ми добро готвеше и додека бегавме од војната во Босна, немавме пари па таа готвеше само некои ефтини компири…но, година дена не јадев компир спремен двапати на ист начин. Тоа ме инспирираше и мислам дека тоа беше основата на мојот интерес за кујната, бидејќи мајка ми ме научи да јадам…кога можеш една иста работа да ја направиш на 365 различни начини сфаќаш дека креативноста е многу, многу важна. Тоа е лекцијата која ја научив.“

Приказната за мајкините компири му ја дала инспирацијата за името на ресторанот „На сто начини или 100 Maneiras“. После Будимпешта на ред дошла Шпанија, па Франција, а потоа Африка. Во Португалија дошол во 1997 година за да ја посети сестра си Наташа. Во тоа време како тинејџер, бунтовен и со заматени планови за иднината и иако не сакал да остани таму по игра на случајот, својот прв ресторан го отворил во Каскаис.

20130824 serbian chef 4

“Патував низ Евопра и некаде по патот останав без пари…Ова ми беше најблиската земја до Шпанија, а и мојата сестра живееше во Португалија. Сепак цело време се трудев да заминам од Португалија, пробав да одам во Африка, каде што готвев за жената на претседателот на Ангола, Ана Паула, работев на некои дипломатски вечери, заработив добри пари и се вратив во Португалија. Успеав да предадам мој проект во банка и ги убедив да ми дадат кредит. Ми дадоа кредит базиран на мојата убава приказна и така го отворив мојот прв ресторан. Бев воодушевен од лисабонските светла како и од светлите денови, кои се единствени во светот, како и од сонцето и фантастичната природа. И жените дефинитивно. Тие ме научија да зборувам португалски и да ја разберам Португалија.“

Освен жените, инспирација наоѓа во кујните на секоја земја која ја посетил.

“На моето мени постои се што сум искусил во животот, постојат Африка, Кина, Франција, постои Шпанија, Србија, постои Босна и Херцеговина…Португалија.

Менито на ресторанот се менува постојано, но она што постојано е присутно на неговите страници е бакаларот.

Станува збор за сушен чипс од внатрешноста на бакаларот, обесен на штипки за сушење алишта бидејќи алиштата во Португалија се сушат на улица и сето тоа се наоѓа во сад во облик на мал брод, а сосовите се во боите на знамето на Португалија.”

20130824 serbian chef 5

Иако лесно зборува на совршен белградски дијалект, на секунда заборава, па му излетува по некој збор и со оној познат сараевски шарм ја продолжува приказната.. Ни пријде менаџерот на ресторанот и запраша што ќе готви Љубомир таа вечер. Тоа ме потсети да го прашам што сака тој да јаде…

“Немам омилено јадење, но обожувам кога мајка ми ќе ми зготви сарма или пак пивтија…Сакам да јадам добар бурек или добри пити…уживам во нашата храна. Сепак таа е јака за оваа клима бидејќи овде немаат зима.

Повеќе преферирам емоционална од рационална храна. Рационалната кујна е составена од 100гр брашно и две јајца…јас тоа не знам да го направам…Јас знам да земам брашно во раката, да додадам јаце и да пробам да видам што уште ми треба…така и научив да готвам…“

Иако учел од најдобрите готвачи во светот и освоил многубројни награди, меѓу кои се и наградата за најдобра книга за кулинарство и гастрономија „ Папа километрос“, Љубомир тврди дека не собира „календари ниту пак ордени„. Задоволен е кога неговиот ресторан е полн и кога атмосферата е како домашната. Вели дека не стигнува да готви освен понекогаш за пријателите. Затоа овој пат јадевме риба која тој ја немаше зготвено. Признава дека после толку години готвење и грижа околу ресторанот,  посакал патувања и нови авантури.

20130824 serbian chef 6

“Не готвам секој ден во рестораните бидејќи навистина немам време. Готвам три дена во неделата, а останатите денови планирам да патувам и да ја презентирам мојата кујна. Исто како што сум повикан денес овде на Азорите, наредната седмица сум повикан во Сингапур, а после тоа одам за Колумбија.

Во декември ќе купам автоприколка и една цела година ќе патувам по цела Европа. Ќе снимам, ќе пишувам книги и ќе готвам…ако треба ќе продавам и хамбургери на плажа…иако имам ресторани кои одлично работат. Сакам една година да се одморам и повторно да патувам.

Го живеам својот сон и уживам во него.“

[crp]

Автор 

Тамара Билбија (Србија)

Студира/ Работи: Новинарство

Зборува: српски, англиски, португалски, шпански

Европа е..добро засолниште со богата култура, историја и традиција, и слично на шпанската паела: мешавина од сè помалку при што дава добра дигестија.

[/author_info] [/author]

Превод

Petar Jankuloski (Македонија)

Студира: Превод и толкување (EN-MK-FR)

Работи: Global Voices на македонски (волонтер), TED Talks-заедница на преведувачи

Говори: македонски, српско-хрватски, англиски, француски, малку шпански, чешки и германски

Европа е… мој став… дом… порта кон светот… лулка на разновидноста

LinkedIn: Petar Jankuloski – LinkedIn profile

 

Author: Anja

Share This Post On

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

css.php