“Универзитетите во Чешка се како дома”

Нова мода? Словачки студенти студираат на чешките универзитети.

Ванда, Доминика и Матус се дел од словаците кои се одлучиле да студираат на чешките унверзитети. Без разлика дали се работи за случајност, долгогодишна амбиција или само желба за повеќе, сите тројца се согласуваат за една работа, чешките универзитети се подобри од словачките и како такви се добра отскочна даска за подоцна во животот. Идејата дека западот е подобар, иако можеби е само остаток од комунистичкото размислување, е сеуште добар арумент за илијадници студенти да аплицираат на чешките универзитети.

Ванда: “Не се чуствувам дека сум од земјата каде што сум родена, туку од земјата каде што ке одберам да бидам.”

“Се сеќавам дека кога имав 6 години трчав со чешко знаме низ станот,” се смее Ванда, словакиња која студира на Мендел универзитетот во Брно. Секогаш била симпатизер на Чешка но се преселила таму во потрага по подобро образование. “Чешкиот образовен систем е за неколку степени подобрар од словачкиот, и тоа не само Масарик универзитетот во Брно или Карловиот универзитет во Прага.” објаснува Ванда. “Општо, чешките универзитети се подобри од словачките.”

 

20130826 slovak students 3 wanda

Ванда е една од 13 000 словаци кои се одлучиле да ја напуштат родната земја после матурата и да студираат во соседната Република Чешка. За нив, тоа не е одење во странство. За словаците, смешно е да се доживува Чешка како странска земја. Освен тоа словаците овде се чустуваат како да се дома. “Јас не се чуствувам како странец тука, можеби затоа што дома гледавме чешки вести и филмови, истотака читавме и чешки книги. Јас бев изложена на чешкиот јазик уште кога бев мала,” вели Ванда. Заради тоа таа воошто не доживеа културен шок кога дојде во Чешка.

Ванда е една од оние кои не планираат да се вратат во својата земја. “Моите родители гледаат на останувањето во Словачка како на стагнација, од мала ме учеа дека светот е голем а јас треба да патувам.”

Бубрези, постелнина, дамки од мастило и боровинки

Скоро сите словачки и некои од чешките ученици имаат двојазично образование, но сепак, некои од словачките ученици наидуваат на недоразбирања. Во детството, словачките деца гледаат цртани филмови на чешки и продолжуваат да гледаат тинеџерски серии на чешки јазик. Книгите повеќе не се преведуваат од чешки на словачки. Словаците разбираат скоро се кога некој им се обраќа на чешки. Но не е сѐ толку едноставно преку границата. Моравјаните зборуваат словачки, но кога зборуваат словачки со некој чеш од бохемија одредени јазични бариери се појавуваат. На пример зборови како боровинки (čučoriedka на словачки, borůvka на чешки), дамка од мастило (SK machul’a, CZ kaňka) или некои корисни зборови како печатач (SK tlačiareň, CZ iskárna) може да испровоцирааат заинтересирани погледи од одредени луѓе.

20130826 slovak students 1 Dominika

“Јас понекогаш наидувам на зборови кои се различни од нашите. Студирам фармација па најчесто се работи за стручни фармацевски термини кои морам да ги запамтам,” објаснува Доминика Ленциова која студира ветерина и фармација на универзитетот. “Се сеќавам дека на почетокот на прва година некои мои колеги не разбираа кога велев дека сум жедна (на словенечки Som smädná и на чешки Mám žízeň), тие не ги разбираа ни зборовите камила (словачки-t’ava, чешки –velbloud), желка ( словечки- kortytnačka, чешки –želva) и тие ми се смееа кога велев дека ке одам да печатам нешто (словачки vytlačit’, чешки –vytisknout).” Студирањето на словаците во Чешка било олеснато со билатерален договор кој ги гарантирал истите услови како за чешките студенти како и за словачките. Сите семинарски можат да бидат напишани на словачки јазик,

итестовите и испитите исто така. “Во мојот курс има неколку чешки студенти, и јас се согласувам со нив многу добро, понекогаш и подобро одколку со словачките, “ се смее Доминика и додава дека не постои дискриминација меѓу

нив. Професорите се однесуваат со сите исто, нема разлика дали си од Словачка или Чешка. “Еден од професорите дури и се обидува да зборува словачки оваа година,” одушевено извикува Доминика.

Доминика дојде во Република Чешка заради незијата визија за подобра иднина. “Се одлучив за студии во Чешка главно заради квалитетот на

универзитетот. Тие имаат повисоко ниво на образование, посебно во подрачјето на природните науки. Во мојата земја не се инвестира во науката, и

тоа е една од причините зошто студирањето овде повеќе ветува за идна

кариера после дипломирањето. И ако планирам да се вратам назад во Словачка после дипломирањето тогаш ова е патот до успехот.” вели Доминика на која Брно и е втор дом.

Брно е Мека за словачките и чешките студенти

Масарик универзитетот во Брно е еден од најпознатите универзитети во Чешката република. Конкурент е на престижниот Карлов универзитет во

Прага, главно заради своите прогресивни и современи методи.

20130826 slovak students 2 matúš

“Јас се одлучив за Масарик универзитеот од практични причини. Новинарски оддел беше единствен од одделот за медиуми кој не бараше искуство и објавувани статии како услов за прием,” со насмевка објаснува Матус Франчиак. Еднаквоста во

процесот на апликација е една од причините зошто толку многу словаци аплицираат за чешките универзитети. Единствен приемен испит на Масарик универзитетот е тестот за проверка на потенцијалот за учење ( ова е тест кој е дел од процесот за прием на многу универзитети во земјите од англиско

говорно подрачје) кој е нагласено аналитичен, критичен и бара од студентот усно да размислува и да решава моментални проблеми. Масарик универзитет е избор на многу словачки матуранти кои се двоумат меѓу универзитети.

Брно, домот на Масарик универзитетот е многу пошармантен од главниот град Прага. Сепак постојат и други универзитети кои ја прават моравската

метропола вистински студентски град а доказ за тоа е периодот од септември до јуни кога градот им припаѓа на студентите, а за време на летните одмори е празен. Ова не само што примамува студенти од Словачка и Чешка туку и студенти од другите земји. Гледано од тој агол, од 36 000 студенти што аплицираат за Масарик универзитетот, годишно, 16% се словаци.

Ванда, Доминика и Матус се студенти кои воопшто не се каат за студирањето во Чешка и не планираат наскоро да се вратат дома. “После неколку месеци пракса во Братислава јас не се каам за мојата избор да живеам во Чешка, се надевам дека ова е вистинската одлука,” потврдува Матиус.

Автор

Eva Lalkovičová (Словачка)

Студира: Новинарство/ Шпански јазик и книжевност

Зборува: чешки, словачки, шпански, англиски, малку каталонски, француски

Европа е… најдоброто место да се биде роден и да се живее, неверојатен микс на луѓе и култури.

Превод

Eva Vasileska (Македонија)

Студира: Архитектура

Говори: македонски, англиски, српски, хрватски и словенечки

Европа е… место во кое мора да се живее!

Linkedlin: http://si.linkedin.com/pub/eva-vasileska/5a/351/60a

Author: Anja

Share This Post On

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

css.php