Викајте го Алекс, а не Александру

Алекс е раскажувач на приказни кој живее во срцето на Трансилванија или на небото. Дали е Романец? Официјално да, но…

Кој е Алекс?

Алекс Глод е третиот писател што го имам запознато во мојот живот и кој истовремено ми е и многу добар пријател. Кога пред неколку месеци се сретнавме за првпат, излгедаше како да е 10 години постар отколку што навистина е и ми се обрати со: „Здраво туѓинецу“! Тој е раскажувач на приказни, артист, тренер, писател, умее да готви, умее да се спреми за патување во странство за само триесет минути и перфектно си ја чисти собата, или барем тој така вели. Верува во љубов, се смее како дете, рано насабајле ги пее песните на Луис Армстронг доволно гласно за секој да го слушне и кога зборува изгледа како да живее на оваа планета повеќе од еден век. Негов кошмар е да живее на напуштен остров без други луѓе бидејќи мора да е опкружен со луѓе. Договоривме телефонско интервју, а јас му се обратив со “Buna ziua, ce faci?”, а тој ми одговори „Јас сум супер драга моја, како си ти?! Хммм, ти ми зборна на романски или јас зборувам со некоја друга личност“?

Alex thinking © Alex Glod
© Alex Glod

Роден е во ноември 1988 година и Алекс „ чуствува огромна благодарност кон (неговата) драга мајка што го носела во неа цели девет месеци“. Потекнува од Барлад, мал град во Романија, а откако проживеал разни болни искуства во животот, решил да го напушти родниот град и да работи прво како градежен работник („дури и да гледате во мене нема да поверувате во тоа“, вели тој) и потоа како бармен. Откако сфатил дека нема никаква добивка освен физичката вежба и дека за џабе потрошил толку многу време, решава да се врати во Барлад и наскоро заминува за Сибиу каде што започнува студии по меѓународни односи и европски студии („Поради некоја чудна причина, сакав да бидам политичар, драга моја“). Оттогаш па наваму, Алекс е член на АИСЕК, меѓународна, студентска организација каде ја открива својата пасија за обучување и за…интернационализам!

Alex thanks us for the Interview 2 © Alex Glod
©Alex Glod

И јазикот којшто излегува од неговата уста е…

Александру зборува англиски со британски акцент и што е уште позабележително, тој понекогаш користи поинаков глас од „оној“ кој го користи кога зборува романски, а во истовреме го менува и изразот на лицето. Љубезен и суптилен на англиски, никаков на романски – насмеан и со усните малку одделени. На почетокот неговите книги исто така биле пишувани на англиски. Зошто тогаш приказната за него се раскажува токму овде? Бидејќи, книгите на Алекс доаѓаат „директно од срцето“ – всушност, тие се „животни приказни за неговиот живот во форма на животна приказна на романец напишана на англиски…збогатени со психологија и совети за личен развој корисни за поврзување со неговата работа“.

…Зошто е ова така?

Има и други примери на автори кои пишувале на јазик кој е различен од нивниот мајчин, како на пример грчкиот писател Василис Алексакис кој творел на француски, но тој почнал да го прави тоа откако веќе подолг период живеел во Франција. Алекс, настрана од кратките периоди кои ги поминал во Европа за време на обуките, живее во неговата држава и нема никаква очигледна причина да не пишува на романски и потоа да ги преведува неговите книги или пак да ги даде некој друг да му ги преведе.

Тој вели дека се чуствува „апсолутно удобно кога го користи овој странски јазик“ и дека оваа континуирана употреба на англиски не е со цел да ја „промовира“ неговата кариера на меѓународно ниво, воедно целејќи и кон странците со цел да ги натера да ги користат неговите услуги. „Кога зборувам на англиски, тоа сум јас, вистинскиот Алекс; англискиот не е маска за нешто за што е тешко да се зборува на мојот мајчин јазик, како што луѓето мислат кога се срамат да употребат збор на нивниот мајчин јазик или пак на пример да зборуваат за табу теми“.

Sibiu, the place where Alex lives (Anastasia Karouti)
Сибиу, градот каде што живее Алекс © Anastasia Karouti

Како оваа постојана употреба на странски јазик му го менува гледиштето на човека?

Нашиот раскажувач на приказни вели дека англискиот јазик му овозможува подобро разбирање на светот бидејќи тој е универзален јазик. Му нуди „поширок поглед на нештата и е опремен со зборови кои можат да ги пренесат поимите кои (тој) сака да ги пренесе, нешто што романскиот, româneşte, не успева да го направи”. Настрана од се ова, Алекс открива дека пишувањето на англиски му дава можност да и се обрати поголема публика и да му овозможи нему, романски писател, да стане познат надвор од неговата држава. Тој тврди дека „има многу писатели од англиско говорно подрачје кои се познати додека во споредба со нив, познатите романци не се многу на број“, па затоа неговата цел е да го промени тоа (не е толку луд да се натпреварува со Јонеско, но во неговото поле…).

Дали Алекс се чуствува покосмополитски кога зборува на англиски? Па, сака да се дружи со интернационалци кои го фасцинираат, а има и добри причини за неговите постапки. После момент на кивање, проследен со моето изјавување “Noroc!” (“На здравје”), за на крај да добијам едно совршено “Ти благодарам!”, Алекс продолжи да си ги објаснува мислите, зборувајќи како лингвист иако никогаш не студирал лингвистика.

Alex Paints Peace © Alex Glod
ALEX PAINTS PEACE ©Alex Glod

Алекс, лингвистот

Тој продолжи да објаснува дека „зборовите пренесуваат нешто повеќе од значење, една целосно поинаква перспектива и различна културна позадина“. Мисли дека ако човек има подлабоко познавање на странски јазик, може да најде начин на разбирање со другите луѓе преку пренесување на заедничките искуства преку овој јазик. Давајќи пример за неговите зборови, Алекс кажува дека за време на неговото детство во деведесттите имало анимирани серии и дел од тие серии му се допаѓале исто како што им се допаѓале не некои од неговите пријатели од странство. Фактот што можеле да зборуваат за нешто што заедно го искусиле на трет јазик е магично, бидејќи нуди заеднички „код“ и цврста врска преку споделувањето на нешто слично“. Затоа Алекс верува дека доброто владеење со јазик не ослободува во смисла дека „можеме да споделуваме заеднички нешта без да бидеме ограничени во нашата држава или регион“.

Кои се плановите за иднината на Алекс?

Алекс, посакува да патува на Филипините, да ја истражува Азија, да продолжи со неговите студии по неуро-лингвистичко програмирање, можеби да научи нешто ново за јазиците. Можеби ќе се врати во Романија со уште поголем интернационален пристап на нештата, можеби ќе биде уште „побритански“ настроен! Признава дека сака да продолжи со неговиот личен развој, вклучително и со јазикот. Алекс е доказ колку се прекрасни јазикот и говорот, како овие мрежи и овој збир на звуци можат да ги променат луѓето. Имајќи ја неговата приказна при срце, „ајде да зборуваме, бидејќи преку јазикот ќе го откриеме светот“, како што тој одушевено прошепоти.

[[crp]]

Автор

Анастасија Карути (Грција)

Студира/Работи: Англиски јазик и книжевност/Преведувачки студии, Обучувач, Преведувач, Сликар

Зборува: грчки, англиски и романски

Европа е ..моето гнездо, мојата почетна точка, место каде што можам да го покажам мојот потенцијал, Акрополис и божествената светлина на Трансилванија.

Blog: caramelisedfruits.tumblr.com

Превод

Petar Jankuloski (Македонија)

Студира: Превод и толкување (EN-MK-FR)

Работи: Global Voices на македонски (волонтер), TED Talks-заедница на преведувачи

Говори: македонски, српско-хрватски, англиски, француски, малку шпански, чешки и германски

Европа е… мој став… дом… порта кон светот… лулка на разновидноста

LinkedIn: Petar Jankuloski – LinkedIn profile


This post is also available in Bosanski - Hrvatski - Srpski, Deutsch, English, Español, Français, Italiano, Magyar, Malti, Nederlands, Polski, Português, Română, Slovenčina, Türkçe, [Main Site], Ελληνικά and Русский.

Author: maria

Share This Post On

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

css.php

By continuing to use the site, you agree to the use of cookies. more information

The cookie settings on this website are set to "allow cookies" to give you the best browsing experience possible. If you continue to use this website without changing your cookie settings or you click "Accept" below then you are consenting to this.

Close