Јас сум Англичанка…..А да зборуваме на твојот јазик?

Да се има англискиот како мајчин јазик значи дека неговите родени говорители може да комуницираат со светот без да се трудат дополнително, и без да мораат да го учат. Но, дали е ова предност или пречка во моментот кога стаува збор за учење други јазици. Откријте го тоа благодарение на две англиски студентки во Барселона.

 

© Private

Се наоѓаш во Норвешка, Италија или Португалија. Влегуваш во продавница и сакаш да прашаш за цената на некое добро, но не го знаеш јазикот. Што правиш тогаш? Без сомнение англискиот е глобален јазик којшто луѓето го употребуваат за да комуницираат со светот, а личностите родени како англофони уживаат голема предност не морајќи да го учат…или можеби тоа е недостаток? Ема Стаплес и Димфна Марфи, две британски студентки на Еразмус во Барселона ни покажуваат дека е комплицирано да се биде полиглот кога сите ти зборуваат на твојот мајчин јазик.

“Пристигнувајќи во Барселона, ме изненади фактот што и покрај тоа што се наоѓам во земја каде што се зборува шпански јазик, сите студенти дојдени со размена комуницираат на англиски” – вели Ема која пристигна во Шпанија, во септември минатата година. “ На почетокот се трудев да зборувам и да вежбам зборувајќи шпански, но на крајот завршив зборувајќи англиски со останатите”. Ова е ситуација со која се сретнуваат многу Британци и Северноамериканци патувајќи во странство. “Во принцип ми одговараше да се разбирам со сите на англиски, но тоа не беше најдобриот начин да го научам шпанскиот “  – прецизира Димфна.

Шпанија е една од најбараните Еразмус дестинации според последните податоци на Европската комисија од периодот 2011-2012. Во подредувањето на 100 високо-образовни институции кои примаат студенти од овој тип, првите четири места ги заземаат шпанските универзитети. Вкупно 39,300 личности реализирале престој во Шпанија, за одреден временски период. И тоа броејќи ги само оние кои дошле со размена, за да ги продолжат нивните студии, без да се смета движењето на наставнички персонал во институциите или целокупната Еразмус програма. Од овие луѓе 2,688 дошле од Велика Британија, а  само чекор зад нив се Италија, Франција и Германија.

© Private

За разлика од Ема, која веќе 10 години го изучувала шпанскиот јазик, Димфна пристигнала во Барселона еден месец пред да започне со часовите со цел да следи интензивен курс во јазикот кој ќе и дозволи да се дружи со останатите студенти. “ Никогаш порано не сум учела странски јазик и не верував дека за две недели ќе ја знам основната граматика која би ми дозволила на релативно добар начин да комуницирам со другите“ – признава таа.

Велат дека шпанскиот не е тежок јазик за изучување, а и зборовите се изговараат онака како што се напишани, граматичкиот ред на зборовите во речениците е доста флексибилен. Сепак Димфна објаснува дека “ ми беше тешко да се навикнам на ритамот на кој зборуваат луѓето, нивните колоквијални изрази и некои дијалекти” , додека пак Ема признава дека “ ја наполнав мојата соба со ливчиња со неправилни глаголи, тоа беше еден од лингвистичките аспекти кој ми беше тешко да го запомнам.”

Во Англија, учењето странски јазици е фактор кој не се потенцира толку многу како учењето на науките. Многу ученици не ги сметаат како релевантно важен предмет како математиката,на пример. Во случајот на Ема, нејзиното училиште и понудило да започне да учи на 11 години, француски, германски и шпански. Исто така и 14 други ученици можеле да одберат дали да го следат курсот или не.”Тоа беше моментот кога сфатив дека сакам да учам шпански позади задолжителното образование, и одлучив да студирам шпански јазик и историја на Универзитетот во Ливерпул.”

Сепак, на универзитетско ниво, овие линвистички разлики меѓу земјите се намалуваат. Фактички, во Европа и после 26 години студентска размена, достигната е бројка од 3 милиони личности кои реализирале престој во странство преку Еразмус програмата. За во следниот период 2014-2020 Европската Комисија има предвидено програма Еразмус + , со која се обидува да ги подобри меѓуинституционалните односи за реализација на овие програми.

© Private

Но, позади основните лингвистички прашања, овие студенти  се соочиле со двоен интелектуален предизвик со доаѓањето во Барселона. Бидејќи каталонскиот јазик е главен јазик во Каталонија што значи дека е јазик на кој зборува поголемиот дел од населението во овој дел. Двете го започнале јазикот со многу оптимизам, но не било сè онака како што посакувале. “ Кога започнав да учам каталонски на универзитет, сватив дека не можем да го следам ритамот. Беше тешко. На часовите по шпански, ми излегуваа зборови на каталонски и обратно. Професорот ми велеше да внимавам, но јас не сфаќав дека ги мешам јазиците, за мене сите тие беа нови зборови “ – објаснува Димфна, помалку резигнирана. Од  друга страна за Ема не било толку тешко, бидејќи веќе имала солидна основа од шпанскиот. Иако нејзината цел била да продолжи да учи се додека не го доведе шпанскиот на едно повисоко ниво, таа веќе знае да конструира основни реченични конструкции на двата јазика. “ Ако останам да живеам овде перманетно, би размислила сериозно да го научам каталонскиот, но до овој момент сум задоволна со нивото што веќе го имам постигнато”.

Овој труд за напредување во двата јазика е од голема важност. Но, еден доста голем проблем со кои се соочуваат англофоните при изучување на овие јазици е на пример  одењето во кино. Филмовите се обично синхронизирани на јазикот на земјата каде што се прикажува, при што устата на актерите се мрда поинаку од зборовите што се изговорени, а во чест случај на разбирлив начин за англофоните при што тоа ги деконцентрира. ” Секогаш излегува многу потешко да се најде пријател од овде, отколку од мојата земја ,и тоа е штета. За среќа мојот универзитет  нуди лингвистичка размена која ни помага да воспоставиме пријателства со студентите од оваа земја.” – објаснува Ема која одлучила да дојде во Барселона и покрај тоа што нејзините пријатели се упатиле за Алкала де Енарес (Alcalá de Henares), но на овој начин таа е отворена за нов круг на луѓе , и да биде повеќе независна. “Понекогаш Англичаните се арогантн и не се трудат да учат други јазици. Сакам да кажам, некои британци веруваат дека цел свет зборува англиски, од тука не е неопходно да знаат други јазици. Но, ова не е мотив за да размислуваме дека сите сме исти” – забележува таа. Несомнено, Димфна и Ема се добар пример како и покрај пречките, силата на волјата е најголем поттик за изучување друг јазик.

[[crp]]

Автор

Мириам Васкез (Шпанија)

Студира/Работи: Новинарство/Политички и административни науки

Зборува: шпански, каталонски, англиски и германски

Европа е..уникатно место каде што луѓе од различни култури, јазици и различни гледишта живеат заедно.

Twitter: @mirabroad

Превод

Kristina Busheska (Македонија)

Студира: Француски јазик и книжевност

Говори: македонски, српско-хрватски, англиски, француски, шпански и малку романски

Европа е… културна димензија, начин на живот, дом на големи умови

This post is also available in Bosanski - Hrvatski - Srpski, Català, Deutsch, English, Español, Français, Italiano, Magyar, Malti, Polski, Português, Română, Slovenčina, [Main Site], Ελληνικά and Русский.

Author: maria

Share This Post On

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

css.php

By continuing to use the site, you agree to the use of cookies. more information

The cookie settings on this website are set to "allow cookies" to give you the best browsing experience possible. If you continue to use this website without changing your cookie settings or you click "Accept" below then you are consenting to this.

Close