Постои ли судир на култури меѓу паровите од различна националност?

Мултинационалните парови се се почеста реалност во нашето глобално општество. Патувањата, работата и студиите придонесуваат за создавање нови врски, во коишто комуникацијата и почитувањето на традициите на партнерите се клуч за трајна коегзистенција. Сепак, овие личности се жртви на многубројни проблеми, меѓу кои бескрајните бирократски процедури и дискриминацијата.

Глобализацијата, патувањата, едукативните иницијативи со кои се промовира европската кохезија како што се стипендиите ЕРАЗМУС и останатите проекти поврзани со интернационализицијата на идеи и компании, последниве години резултираа со зголемување на бројот на парови од различна националност. Сепак, не сите љубовни искуства се приказна на двајца.

Јазикот, обичаите, традицијата, семејството и дискриминацијата се само дел од работите кои што директно влијаат на паровите кои доаѓаат од различни делови на светот. Иако сите врски можат да поминат низ кризни моменти, јасно е дека комуникацијата и почитувањето на меѓусебните традиции се од фундаментално значење за мултикултурните двојки.

Пред една година, Алесандра се врати од патувањето во Аргентина. Тоа беше нејзината прва посета на Латинска Америка. Но, иако патуваше сама, понесе куфер полн со очекувања, затоа

што требаше да го помине својот прв Божиќ во јужното лето на градот Салта со семејството на нејзиното момче Оскар.

„Се сретнавме на роденденската забава од еден пријател на Оскар. Јас појдов да придружувам една другарка, на почетокот на мојот ЕРАЗМУС“. Вака, Италијанката ја памети ноќта во 2010, каде го запозна својот партнер. Три години подоцна, Алесандра и Оскар живеат заедно во едно село на шпанскиот Коста дел Сол, наречено Сан Педро де Алкантара.

Живеењето заедно отсекогаш било една од силните страни на италијанско-аргентинскиот пар: „Веруваме дека аргентинската култура е многу слична на италијанската, затоа малку работи се сменети, на пример начинот на кој комуницираме“.

Како во домот, така и надвор, комуницираат на шпански. „Тоа е мајчиниот јазик на Оскар и официјален јазик на земјата каде што живееме, па така го сметаме како дел од секојдневието“, признава Алесандра и потенцира дека исто така зборуваат и малку италијански затоа што Оскар го научил овој јазик во последниве години.

PHOTO 1 GABY Y DANIEL

ГАБИ И ДАНИЕЛ

 

Промени во врската

Прекинување со употреба на зборовите “carro” (кола) за “coche” и “coleto” (четка) за “fregona”, беа само дел од примерите за тоа како речникот на Венецуелката, Габриела се смени поради престојот во Шпанија со нејзиниот партнер Даниел. Откако се запознаа, пред шест години, Венецуелката секогаш се чувствувала како да е дома. „На сите страни има некој што ти помага и ти дава совети и за тоа треба да се биде благодарен, особено на почетокот: семејството на моето момче, на работа и на самиот ден“ , вели Габи.

Кога ја прашуваат за денот кога се запознале, Венецуелката се сеќава на сите детали. „Се запознавме преку нашите братучеди, зашто кога дојдов во Малага пред шест години, мојата братучеда и неговиот братучед беа во врска. Мојот брат и јас еден период живеевме со нив, еден ден неговиот братучед организираше скара и таму го запознав“, се сеќава таа.

Од нејзина страна, животот во оваа шпанско-венецуелската врска, ги сменил драматично многу нејзините навики, особено оние што се однесуваат на плановите. Не е мит дека во Шпанија се јаде, се вечера и се спие многу подоцна отколку во останатиот дел од светот. Габи на пример, вечерала два часа порано во Венецуела и си легнувала да спие околу 21.30, додека сега преферира да спие после 23.00 часот. Според податоците објавени во дигиталниот статистичкиот билтен „Жени во бројки“, објавен од Институтот на жената во февруари оваа година, меѓу 1996 и 2011, во Шпанија биле прославени 386,113 бракови, каде барем еден од сопружниците бил од странска

националност. Треба да се напомене дека во 303,704 од наведените бракови, еден од партнерите имал друга националност, односно во 78,66 % од случаите една Шпанка или еден Шпанец стапиле во брак со личност со странска националност. Во 82,409 бракови двајцата сопружни биле од странска националност, за време на истиот период.

PHOTO 2 ALESSANRA Y ÓSCAR

АЛЕСАНДРА И ОСКАР

 

Без документи

Сепак, овие бројки не ги рефлектираат проблемите со ксенофобијата или расизмот, на коишто можат да бидат подложни овие мултикултурни двојки. „Оскар беше дискриминиран во Шпанија на почетокот на нашата врска, бидејќи немаше документи. Беше комплицирано да продолжи да работи без документи“.

Всушност, многу имигранти во двојка мораат да ја поминат оваа комплицирана состојба, поради којашто во многу случаи се принудени да прифатат работни места со пониски плати во однос на нивните европски колеги, реализираат повеќе работни часови или едноставно ги немаат истите придобивки како остатокот од тимот.

„Ситуацијата се подобри кога и фактички станавме партнери-сопружници“, вели Оскар. Една декларација во Шпанскиот Врховен Суд ги изедначи браковите и двојките, со цел да аплицираат за дозвола за престој како членови на семејство на граѓанин на Унијата, од 3 ноември 2010, за што италијанско-аргентинската двојка не се помислува два пати.

Решението за да се биде граѓанин на Европската Унија со целосни права, помина една бирократска постапка за да му дозволи на Оскар да го прави истото што го правеше Алесандра за Божиќ, да патува во Италија за да се запознае со неговото веќе законско семејство.

 

Автор

Ruth de Fritos (Шпанија)

Студира/Работи – Новинарство

Зборува – шпански, италијански,англиски и малку португалски

Европа е ..од моја гледна точка е огромно соседство каде различни луѓе живеат на секој кат и треба да бидат разбрани

Превод

Klimentina Gjorgjioska (Македонија)

Студира: политички науки
Работи: Патоказ магазин за туризам
Говори: македонски, грчки, англиски, шпански и малку германски

Европа е лулка на уметноста и културата, континент со богата историја и многу можности за напредок.

This post is also available in Bosanski - Hrvatski - Srpski, Català, Deutsch, English, Español, Français, Galego, Italiano, Magyar, Malti, Nederlands, Polski, Português, Română, Slovenčina, Türkçe, [Main Site] and Ελληνικά.

Author: ignacio

Share This Post On

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

css.php

By continuing to use the site, you agree to the use of cookies. more information

The cookie settings on this website are set to "allow cookies" to give you the best browsing experience possible. If you continue to use this website without changing your cookie settings or you click "Accept" below then you are consenting to this.

Close