Слободата пред сè

Младоста е како дијаманти на сонцето, а дијамантите се засекогаш. Ова се зботови од песната на Алфавил “Засекогаш млад” . Една девојка на Балканот сјае токму како дијамант, дури и кога често е опкружена со камења.Таа одбива да припаѓа. Таа е своја. Запознајте ја Андреа Петровиќ, сликарка, музичарка, артистка.

20131021_Freedom above all else_Andrea Petrovic_Photo 1

Девојка од соседството

Србија е моментално една од земјите со најголем одлив на мозоци во светот. Тоа значи дека многу млади луѓе ја напуштаат својата земја затоа што не гледаат никакви шанси или простор за подобрување, на кратко не ја гледаат својата иднина таму. Тие кои остануваат имаат важна и не секогаш лесна задача – да го изградат својот идентитет , да останат свои и да ја задржат својата автентичност, а со тоа да живеат и преживуаат. Изгледа едноставно, но не е секогаш така. Андреа Петровиќ 23 годишна студентка не сака да се откаже од својот поглед низ розеви очила на животот

“Јас имам сила, желба и ентузијазам. Секогаш се обидувам да го истражам непознатото во областите кои што ме интересираат и да се турнам себе си преку границите, затоа што кога сме во непозната зона се чувствуваме несигурно, но тогаш почнуваш да ја чувствуваш сензацијата на откривањето”, вели Андреа на почетокот на нашиот разговор и додава дека нејзиниот живот е прекрасно патување. Истовремено, Андреа е свесна колку несигурна може да биде иднината на еден уметник: ”Тоа беше мој избор” додава таа. “Иако уметниците не се доволно почитувани во нашата земја , никогаш не се посомневав во тоа која сакам да бидам. Уште од многу мала возраст ги открив моите таленти (еден од нив беше сликањето), и јас само им дозволив да ме водат низ моето детство и се уште им дозволувам да ме водат, сега низ мојот живот”.

Првата станица

Пеењето беше првата станица за мене – станица што самата си ја избрав. Завршив основно музичко училиште , свирев на виолина и потоа се запишав на часови по пеење затоа што сакав да се развијам во таа насока и да добијам што е можно повеќе искуство така што да можам да се искажам себе си подобро и појасно. Андреа ѝ е веќе многу позната на локалната публика која ентузијастично ја поздравува на нејзините настапи по дискотеките. “Пеам во повеќе бендови. На сцената немам сродна душа. Кога и да настапувам, јас сум своја. Ги искажува моите чувства на најискрен начин и се обидувам да ги споделам со мојата публика”.

Магичниот свет на сликањето

Потребата на Андреа да се изрази на повеќе начини ја доведе до следната станица- таа исплови во магичниот свет на сликарството. “Најпрво, го завршив моето средно образование по уметност и дизајн и дипломирав на Академијата за уметности во Нови Сад. Посебното внимание од пријателите и приврзаници ја доведе до серија фотографии во кои доминатната тема е кругови. Андреа објаснува: “Ја започнав оваа тема на крајот на моите основни сликарски студии.Мојот интерест за круговите произлегува од мојата желба за истражување на внатрешното развивање на човекот и неговата желба да го воспостави и да го пронајде внатрешниот мир. Исто така ја симболизира врската со духовноста, како и истражување на геометријата која е блиска со духовноста”.

20131021_Freedom above all else_Andrea Petrovic_Photo 2

Микс на физичка и духовна убавина

“Мојата цел е да се запознаам себе си низ различни форми на уметност, како сликање, пеење, и настапување, и кога ги пронаоѓам конците кои се поврзуваат заедно, се пронаоѓам себе си”, вели Андреа. Таа е една од девојките кои го основале театарот Либеро во Нови Сад. Со овој театар таа сака да ја развие уметноста на настапувањето. “Мојата мисија во животот е да стигнам до таму каде што моето име ќе биде поврзано со нешто навистина квалитетно. Сакам да бидам во можност да живеам од работите што сакам да ги правам”, вели Андреа. Нејзиниот внатрешен и физички шарм им го привлекува вниманието на многу фотографери и дизајнери , кои редовно ја покануваат на најразлични настани.

Photo: Predrag Filipovic

Упорноста секогаш не води до успех

Без сомение, Андреа живее за уметност.Проблемот е секако, да се биде во можност да се живее од тоа. Некој кој има 23 години, завршен факултет, е добро позната за нејзината музика, чии што настапи привлекуваат повеќе луѓе отколку што дискотеките можат да си дозволат, кој на многу млади години започна театар – некој кој што е на многу несигурен пат заедно со иднината на културата и уметноста во Србија. Андреа и нејзините колеги, бендовите или соло пејачите се обидуваат да го направат Нови Сад подобро место каде што можеш да поминеш квалитетно и забавно време. Дискотеките во Нови Сад често се полни со луѓе и нашиот град е добро познат за интересната понуда на настани кои го прават нашиот град жив и во текот на денот и навечер. Понекогаш парите што Андреа ги заработува од нејзиното пеење не се доволни да ги покријат сите нејзини потреби. Обично тоа е доволно за облека и додатоци кои таа ќе ги употреби за нејзиниот следен настап да изгледа најдобро. Сепак, тоа не е пречка за неа: “ Состојбата на културата во Србија ги подготвува луѓето да се борат за да преживеат. Има граници кои треба да се пречекорат, но ако можеш да го издржиш притисокот можеш да го отвориш патот кон ново знаење. Можностите за успех не се исти како во Европската унија, но сепак се уште можеш а стигнеш до целта ако си упорен, трудољубив и се држиш на вистинската патека”, вели Андреа.

Photo: Marija Mandic and Marija Kovac_for designer Dejan Kovacevic

“Секако дека имав моменти, кога се прашував каде води сето ова и што треба да очекувам, но дури и кога бев свесна дека одев низ непознати патишта и не и верував на мојата судбина,но не се грижев многу, ниту мислев на тоа. Јас се соочив со препреки кои што за некој друг би биле ужасни, но поради некоја причина тие не се ужасни за мене. Се убедив себе си, дека препреките не се воопшто ужасни. Едноставно, тоа сум јас и начинот на живот што го избрав за мене”, вели Андреа. На почетокот од откривањето на нејзиниот карактер и развивањето на нејзиниот дух, таа имала проблеми да биде разбрана од саканите.

“Секако дека мајка ми и татко ми беа загрижени, и мислам дека на почетокот дури и не ме разбираа. Да живееш од уметност за некои е многу ризичен избор, но сакам да го правам она што навистина го сакам. Верувам дека можам да работам во уметноста и да живеам од тоа. Едноставно тоа сум јас и мојот начин на живот”.

Photo: Marija Mandic and Marija Kovac for designers Tijana and Mila Popovic

Андреа го наследила својот талент за сликање од нејзиниот татко кој се уште,покрај неговите обврски наоѓа време да наслика убави слики кои го декорираат нивниот дом. Ѕидовите на семејството Петровиќ се исто така украсени со некои дела на Андреа. Еден ден, нејзините слики ќе украсуваат ѕидови на некои други луѓе. Можеби не овие слики што сега ги слика, но некои други сигурно. Понекогаш е подобро да се боцнеш на трн, за да дојдеш до розата. На твојот пат ти добиваш искуство кое ќе ти биде потребно во иднина.

А Андреа? Ми се јави неодамна да ми каже дека возела велосипед цели 75 киломметри (од Нови Сад до Белград) без пауза. Ја прашав:” Но Андреа..Како?” Ја знам 15 години и никогаш не ја имав видено да вози велосипед.” Па добро, лесно е”, рече таа смешкајќи се. “Само возиш и по некое време, дури и ако си изморен, не ја чувствуваш болката повеќе. Продолжуваш.”

Добро, ова е Андреа Петровиќ!

Author

Автор: Игор Бесермењи

Работи/Студира: Политикологист, колумнист, ТВ водител

Зборува: српски, хрватски, англиски, шпански

Европа е наш дом. Огледало на она што сме, што го чувствуваме и она што го правиме.

Колумнист во: www.autonomija.info

Twitter: @IgorBesermenji

Превод

Кристина Бушеска (Македонија)

Студира: Француски јазик и книжевност

Зборува: македонски, српско-хрватски, англиски, француски, шпански и малку романски

Европа:… е културна димензија, начин на живот, дом на големи умови.

This post is also available in Deutsch, English, Français, Italiano, Magyar, Malti, Polski, Português, Română, Türkçe, [Main Site] and Русский.

Author: ignacio

Share This Post On

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

css.php

By continuing to use the site, you agree to the use of cookies. more information

The cookie settings on this website are set to "allow cookies" to give you the best browsing experience possible. If you continue to use this website without changing your cookie settings or you click "Accept" below then you are consenting to this.

Close