Волонтер во Кале: Да им помогнеме на бегалците!

Голем број мигранти со години чекаат во Кале во многу неизвесни услови, надевајќи се дека ќе го преминат Англискиот канал. Со цел да им помогне, Антон реши да го помине одморот заедно со хуманитарното здружение Утопија 56. Тој сподели со нас каква работа имал таму.

Антон ја донел оваа одлука затоа што сакал да излезе од Париз, да открие нови нешта, а посебно да биде корисен! Тој веќе волонтирал во Утопија 56 во Париз (организација која пружа помош на бегалци) и знаел дека здружението исто така работи и во Кале. Си помислил: зошто да не?

На 24 октомври 2016 година, бегалскиот камп во Кале беше уништен од припадниците на полицијата. Но, тоа не значи дека веќе нема никој таму. Впрочем, мигранти се обидуваат да стигнат до Англија уште од падот на Берлинскиот ѕид.

Бегалците се кријат во регионот, најчесто држејќи се во групи од нивна етничка припадност. Постои море од Еритрејци, Авганистанци, Сомалијци…

За жал, Кале не е единственото место каде што има прилив на бегалци; тука е и големиот камп Гранде-Синте кој е веднаш до Данкирк и најчесто е исполнет со семејства. На 6 септември 2018 година се вршеше исселување на повеќе од илјада луѓе и во тој камп. Но, ова не е решение на проблемот, затоа што бегалците повторно се враќаат откако ќе бидат избркани, обидувајќи се да стигнат до Англија.

Бегалци на дождот ©Utopia56

Но, зошто бегалците доаѓаат во Кале? Луѓето со коишто Антон делел барака објасниле дека мигрантите доаѓаат во Кале за да можат да продолжат во Англија. Таму е многу полесно да се најде работа, да се изнајми куќа и да се пуштат децата на училиште и покрај недостигот на документација.

Луѓето исто така му кажале на Антон дека некои бегалци започнале живот во Англија, работеле со години, а потоа еден ден се појавила полицијата, им побарала документи и ги вратила од каде што дошле: безмалку, на другиот крај од светот. Не познавајќи никого таму, без да губат време веднаш тргнале повторно назад за Англија, храбро соочувајќи се со сите опасности на патувањето. Воедно, пред да стигнат до Англија, некои од нив веќе се обиделе да живеат или да побараат азил во многу други европски земји, но попусто. Други пак сакаат да се придружат на семејствата коишто веќе живеат во Англија.

Добротворни организации во Кале
Осум здруженија во Кале се сместени во едно складиште. Сите извршуваат различна работа, како на пример обезбедување храна, образование или пристап до здравствена заштита. Нивната координација и соработка е мошне едноставна и сите се ускладени едни со други. Поради ова, тие успеваат да ги здружат своите вештини и да ја олеснат меѓусебната комуникација.

И покрај големиот број на доброволци, Антон увидел дека сите се доста професионални. Додека бил на местото преку летото имало 120 души, но во зима нивниот број значително се намалува.

Доброволците работат многу различни нешта во складиштата! Готват, прават чај, ги распоредуваат донациите, крпат облека, цепат палети за да им достават дрво на бегалците: задолженијата се разновидни.
Се е со џиновски пропорции: прават чај во резервоари од 120 литри по цел ден, а 20 доброволци готват 1.200 оброци дневно во кујна која ги исполнува професионалните стандарди за хигиена.

Секој ден, на Антон му се нуделе неколку различни обврски, а одлуката на кои да се посвети била потполно негова. Во складиштето исто така потребни се луѓе со посебни вештини; луѓе кои знаат да работат нешто корисно, како на пример познавање на автомобилска механика, уредување на видеа, фотографија или фризерство би биле премија за складиштето! Секако, ова не е сеопфатна листа, а складиштето е отворено за сите предлози!

Распоредување донации ©Utopia56

Антон ни раскажа за распределбата на храна и облека на бегалците заедно со Утопија 56. Тимовите биле составени од тројца луѓе во комби, плус раководител на тимот. Имало пет предодредени точки за распределба со временски распоред кога би се одвивала распределбата на секое место.

Во текот на денот, доброволците ги прашуваат бегалците дали сѐ е во ред, им даваат на располагање генератори за полнење на телефоните и им нудат хигиенски пакети и вода. Разговараат, пијат чај и играат карти со нив додека им се полнат телефоните.

За време на вечерта, како дополнување на нивната дневна работа, доброволците раздаваат храна којашто е приготвена во складиштето, како и облека на бегалците. Во функција е тим на координатори кој се грижи за задоволување на поспецифичните потреби, како на пример згрижување на ранливите групи на луѓе и водење сметка за непопречен тек на работата на доброволците.

Распределба на храна ©Utopia56

Некој го запрашал Антон дали бил исплашен за време на неговата прв распределба. Неговиот одговор е: не, воопшто! Пред неговата прва распределба посетил тричасовна обука во складиштето. Раководителот на неговиот тим му ја објаснил неговата улога пред да заминат, што треба и што не треба да прави и го водел низ процесот на распределба.

Утопија 56 прво ги праќа новите доброволци при дневните распределби, затоа што тие се поедноставни, а потоа ги префрла на вечерните термини.

Антон секогаш вели: Сѐ на сѐ, би рекол дека вршењето на распределба за секој кој доаѓа од шумата е мошне напорно, но Утопија 56 добро се грижи за своите доброволци.

Подготовка за распределбата ©Utopia56

Атмосферата со бегалците беше одлична. Лесно е да се спријателиш со нив. Пред сѐ, тимските раководители и теренските координатори ги познаават добро и охрабруваат подобро запознавање со бегалците.

На крајот на престојот, Антон научил двајца Сомалијци да играат игра со карти наречена Корзиканска битка (la Bataille Corse) која потоа ја играле заедно. Комуникацијата била доста едноставна, затоа што мнозинството од нив делумно зборуваат англиски или француски.

Антон бил и на вечерна распределба при услови на дожд, така што атмосферата била помалку колегијална. Можел да забележи како почнуваат да стануваат лути еден на друг. Според „долгогодишните“ доброволци, треба да имаш нерви-ортоми за да си на распределба при вечерна доба, во зима, на ладно и снег.

Мирна дневна распределба. Пиеме чај додека чекаме да се наполнат телефоните. ©Utopia56

Полиција
Британската влада ѝ плаќа на француската со цел да ги спречи мигрантите да влезат во Обединетото Кралство. Така што, француската полиција прави сѐ во нивна можност за да ги натера мигрантите да го напуштат регионот. Спроведувањето на оваа политика вклучува уништување на разни кампови и бројни други тактики против бегалците и оние доброволци кои им помагаат.

Извештај на оваа тема е објавен на 7 август 2018 год. Достапен е на англиски (тука) и француски (тука).
И покрај овие умерено алармантни факти и интервенцијата на француските безбедносни сили (CRS) при непрописно паркирано комби пред складиштето, Антон никогаш не слушнал некој да каже „денес имав препирка со полицијата“. Единствените луѓе кои навистина имале проблеми со полицијата биле долгогодишните доброволци коишто имале понеобични и „деликатни“ задолженија. Дополнително, целото функционирање на здруженијата е потполно законско и всушност тоа е нешто кое треба да го прави самата француска држава.

Медиуми
Медиумите веќе не говорат за Кале. Зошто? Додека „џунглата“ беше сѐ уште активна таму, бегалците беа многу повидливи. Сега живеат скриени плашејќи се од полицијата, но сепак сѐ уште се таму! Владата спроведува политика која ги прави бегалците невидливи за меѓународната јавност.

Искуството на Антон
Антон уживал во искуството со други доброволци. Тие биле на возраст помеѓу 18 и 75 години и доаѓале од целиот свет! Имало Англичани, Ирци, Шпанци, Италијанци, Германци, Чеси, Американци, Конгоанци и Индијци. Има интересна анегдота за еден Американец кој дошол да ја посети Франција на три месеци, слушнал дека сите луѓе тука говорат англиски и никогаш не заминал!

Секое утро, сите се среќаваат во дворот на средба во природа за да ги споделат најновите новости и информации за тој ден, а потоа – утринска гимнастика. После тоа, сите заминуваат во свој правец и ги започнуваат дневните обврски.

Во кујната се слуша музика на најгласно. Секое утро, Антон миел долгонаменски садови заедно со неговиот каталонски тим за мирен почеток, а потоа се придружувал на друг тим. Сите доброволци разговарале сосема природно едни со други. На пладне, јаделе од храната направена во кујната, истата храна која ја консумирале и мигрантите. Тоа биле добри времиња на споделување и зближување.

За време на вечерите, сите спиеле во кампот во нивните бараки. На некои места имало и мали забави секоја ноќ. Се канеле едни со други на оброк во нивните домови и биле мошне пријателски настроени.

Антон спиел во камп-приколка заедно со двајца британски доброволци коишто биле таму повеќе од година и со девојка од Хонг Конг којашто била таму 4 месеци. Биле прилично гостопримливи кон него!

Волјата да се одвои од сопственото време за да се помогне на други е интегрален дел на волонтерството, така што сите си помагале едни со други. Пример за оваа солидарност е еден пријател којшто секое утро ги прашувал и им доставувал на сите во складиштето чај или кафе.

Антон се вратил од Кале со многу мотивација! Тој се вратил на волонтерството во парискиот огранок на Утопија 56.

Тој потоа решил да се придружи на тимот за вдомување при итни случаи, а потоа на комуникацискиот тим на здружението, каде што работел од дома на разни задачи како на пример организирање информативни конференции во универзитети или организирање средби меѓу идни домаќини и доброволци, или пак помош при дизајнирањето на новата веб-локација.

Тој исто така ги замолил сите пријатели да организираат конференции за Утопија 56 во своите училишта со цел да се подобри видливоста на здружението. Најскоро, тој решил да се врати во Кале оваа зима и да остане шест месеци пружајќи им услуги на граѓаните.

Ова се осумте добротворни организации кои оперираат во складиштето:
L’Auberge des Migrants

Refugee Community Kitchen

Help Refugees

Mobile Refugee Support

Refugee Women’s Centre

Refugee Info Bus حافلة المعلومات للاجئين مسیر راهنمای پناهندگان

SALAM Nord/Pas-de-Calais

UTOPIA 56 (организацијата за којашто Антон работеше во Кале)

Author Antoine (France)

Translator

Daniel Matrakoski

Работи како хонорарен толкувач и преведувач

Јазици: македонски, англиски, германски (средно ниво)

Европа е мој стремеж 

Author: alessandra

Share This Post On

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

css.php