Островот Крк

Минатото лето бев две седмици во Хрватска. Посетив некои фантастични места додека бев таму. Оваа статија дава преглед на ова патување, заедно со некои корисни совети коишто, се надевам, ќе ве охрабрат да патувате.

 Џулија Мајер / 28.10.2019

Островот Крк

Ако некогаш се најдете во подрачјето околу Цриквеница, треба ја зграпчите можноста и да го посетите островот Крк. Ќе имате можност да се восхитувате на прекрасниот поглед врз најсеверниот остров на Средоземјето од мостот што беше поставен над живописниот пејсаж на островот во 80тите години од минатиот век. Крк има површина од околу 400 км2 и е нашироко познат како една од најпривлечните туристички дестинации. Поради главно благата средоземноморска клима, поволната географска локација и природната и културна разновидност, Крк го нарекле „златниот остров“. Тамошните зајдисонца, песочните плажи и маслиновото масло, како и локалниот мед се токму златни.

Омишаљ

Малото приморско гратче Омишаљ се наоѓа на само 2 километри од мостот, во близина на аеродромот на Крк. Местото, стариот град, со своите историски градби и црква, навистина вреди да се посети. Исто така, би било добра идеја да прошетате во паркот зад црквата, каде што ќе откриете убав поглед на пристаништето.

Малинска

Потоа може да продолжете со патувањето во правец на Малинска. Таму ве чека една прекрасна променада! Малинска ве тера да се опуштите, ви нуди живописни глетки и е совршена за туристи.

Порат

Порат е лоциран во близина на Малинска и ви пружа мир и недопрена природа, една од причините зошто изградиле и манастир таму. Францисканскиот манастир и црквата, коишто биле изградени во 15от век, се типични преставници на готската и ренесансната архитектура. Пристаништето ви нуди доста сенка, што ќе ве натера да одморите и да се опуштите.

Крк

Јужно од гореспоменатите северозападни места ќе наидете на најголемиот и најважниот град на островот. Лековитото одморалиште на Крк е во центарот на островот, далеку од управни, политички, економски и верски места од важност. Оваа разновидност се отсликува и во историјата и архитектурата на градбите.
Една убава дестинација, додека сте во овој чудесен град, е средновековниот „Франкопански замок“. Од градските ѕидини погледот се простира од морето до тврдина од 12от и 15от век, од каде што може да му се восхитувате на целиот град и на пристаништето. Најпосле, љубителите на историјата можат да ја откријат историјата на замокот во локалниот музеј.

Врбник

Фантастичниот град Врбник е лоциран на источниот дел од островот. Областа околу градот е позната по производсвото на вино. Самите ќе го погодите тоа само гледајќи го пејсажот и винариите, како и по менталитетот на народот.
Сепак, околината на Врбник не е единствениот дел што вреди да се посети; градот е подеднакво убав. Тесните улици ќе ве шармираат со своите влезни врати, изработени од срце. Во овој град ќе ги пронајдете најтесните улици во светот.

Башка

На јужната страна на островот Крк ќе го најдете популарното приморско одморалиште Башка. Плажата којашто е лоцирана на средина е посебно место за опуштање. Понатаму, по улиците на Башка ќе имате можност да купите сувенири, на пример, мирисливи вреќички направени со лаванда којашто вирее во областа.
Во опкружувањето на Башка, посетителите исто така може да купат различни врсти на мед во продавниците во блиските села. Вреди за се застане на кратко и да се запознаат мештаните.

Солине

По долг ден разгледување, може да поуживате во лековитите плажи од кал. Може да нанесете од црната кал врз телото и да оставите да функционира додека лежите на сонцето. На крај, ќе добиете мошне мазна кожа, а потоа може да продолжите со разгледување на островот.
Не е битно како ќе го истражувате островот Крк. Златниот остров ќе ве заведе со хармонијата на својата разновидност и смесата на минатото и сегашноста.

Автор

Џулија Мајер (Германија)

Студира: Јавно управување 

Јазици: германски, англиски и француски

Европа е… заедница што обединува, основана врз мир и заеднички вредности, единствена во тој поглед, суштинска за нашиот соживот.

Превод

Daniel Matrakoski

Работи како хонорарен толкувач и преведувач

Јазици: македонски, англиски, германски (средно ниво)

Европа е мој стремеж 

This post is also available in Deutsch, English, Français, Italiano and [Main Site].

Author: alessandra

Share This Post On

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

css.php