Шпанската криза предизвика промени во животите на многумина. Гледано од аглот на еден бездомник, овој текст овозможува преглед на помошта која ја овозможуваат невладините организации и причините зошто некои луѓе не ја прифаќаат.
“Извинете, се сеќавате на мене? Извинете, јас умирам за јадење.” Ова се зборови кои многу пати до сега ти кажал Овидио Фулгеиро, бездомик веќе 30 години. Невообичаено е што тој не прима храна од ниедна од невладините организации во Барселона, повеќе сака да бара од продавачите кога ја фрлаат храната со поминат рок. Една од невладините организации кои работат во градот е фондацијата Банка за храна на Барселона (Fundació Banc dels Aliments de Barcelona” (FEBAB), добротворна организација која доставува храна до јавните кујни и до сите чија цел е да им помогнат оние на кои им е потребно. Постојат две групи кои се тудат да ја преживеат кризата во Шпанија: оние на кои им е потребна помош и оние на кои им е потреба помош но од различни причини не ја прифаќаат.
Според последните истражувања на КИС (Kаталонскиот институт за статистика), еден од петмина каталонци, регионот во кој се наоѓа Барселона, е на границата на сиромаштија. Тешката ситуација малку е ублажена од различни организации како што е FEBAB. Оваа невладина организација е дел од европската федерација на Банки за храна, составена од вкупно 204 банки од 21 различна земја. Нивна цел е да овозможат храна за бездомниците преку различни институции како што се јавните кујни на пример. Иако немаат директен контакт со загрозените, нивната работа е од суштинско значење. Тие ги кординираат и насочуваат производите и храната за да стасаат до што поголем број на луѓе на кои им е потребна.
Олидио се прехранува преку други извори, како што е на приемр храната која супермаретите вообичаено ја фрлаат. 70 годишното животно искуство му овозможило да го види брзото влијанието на кризата брз сите од неговото опкружување. “Кога јас почнав да барам храна во кантите за отпадоци, луѓето ми се смееја, но сега сѐ повеќе луѓе бараат храна и отпадоци како мене. Повеќе од 20 години имаат поминато откако јас последен пат купив леб, масло или шеќер.”
Ова исто гледиште беше претставено на последниот конгрес на FEBAB, кој се одржа минатиот април во Барселона. Неупотребената храна, која може да се искористи за потребите на сиромашните, беше една од главните теми за дискусија. Претседателот на FEBAB, Јосе Антонио Бусто изнесе факти дека секоја година во европската унија околу 89 тони на храна, која може да се употреби, залудно се троши. А тоа претставува 50 % од целата произведена храна. Со едноставни мерки, како што се намалување на вишокот во порциите, промоција на композити од остатоци од храна или претставување на соодветни владини политики, проблемот може да се ублажи на глобално ниво.
Но заради немањето на соодветна политика, FEBAB константно оргазнизира кампањи за собирање на храна. Пример за тоа е проектот “Рецепт за добра храна” кој се одржа во Каталонија минатиот декември, кога се собраа над 2.7 милиони килограми на храна. Клара Р., волонтер на една од точките за собирање на храна кои беа распоредени низ различни супермаркети, зборува за симпатијата со кој многумина му се приклучиле на проектот: “Многу луѓе сакаа да соработуваат, вусшност толку многу што на крајот имаше вишок волонтери, од млади луѓе до пензионери, сите работеа за иста цел.” Успехот беше извонреден. Но безразлика, сега ништо нема останато од таа кампања па невладините организации се трудаат да се мобилизираат повеќе од претходно. Затоа на конференцијата минатиот декември, Јосе Антонио Бусто посебно значење им даде на производителите на хрна: “Ние не сакаме да ни дадат огромно количество на храна, туку само мал дел од она што го произведуваат.”
Ако нивната работа навистина дава резултати тогаш зошто некои луѓе како Овидио ја одбиваат? “Јас не сакам да одам во јавни кујни затоа што таму луѓето ме озборубваат и постојано гледаат во мене. Тие зборуваат за мене, за тоа што одам таму сам. Заради тоа јас не верувам во нивната добродушност. Јас мислам дека тие вусшност само сакаат привилегии за себе. Луѓето никогаш не даваат ништо бесплатно, освен ако не добијат нешто назад.” Неговиот скептицизам кон невладините организации и сомнежот кон нивната социјална работа оди до таму што тој вели: “Невладините организации се добри за некои луѓе, но за некои не. Оние на кои им помагаат понекогаш и не се оние на кои помошта им е неопходна. Многу од нив имаат своја куќа или стан.”
Размислувањата на Овидио можеби се должат на недостатокот од информации и интерес за работаа на овие нови сервиси на невладините организации. Преживувајќи сам сите овие години, тешко е да се ослободи од стекнатите навики и да се признае пред општеството дека е бездомник. “Некои луѓе кога ке се затекнат во ваква очајна состојба како мојава, не сакаат да се соочат со она што им се случува. На пример, тие не ги намалуваат своите критериуми, тие не јадат храна со понизок квалитет. Луѓето ме прашуваат како изгледам толку здраво, едноставно е, мора да знаеш да живееш”
Цел на Европската стратешка рамка за 2020 е да се намали бројот на граѓани кои живеат во сиромаштија или маргинализација. Предвидено е тој број да се намали најмалку за 20 милиони во наредните 7 години, и тоа со помошта од Повеќегодишната финансиска рамка за 2014-2020 која за тој период има одделено буџет од 2.5милиони евра.
Без разлика на резервираноста на некои, FEBAB ја доби наградата на Астуриас Конкод за 2012 година за придонес за општеството. Тоа е само мал мотив да се потикнат субјектите од овој вид да продолжат со своите сервиси, кои за жал, помагаат илијадници семејства да преживеат. Во меѓувреме Овидио признава дека гледа мрачна иднина, но не за себе туку за луѓето со социјални обврски и даночни одговорности. “Се додека имаш пари можеш да се однесуваш како дотогаш, но кога немаш, тоа е целосно друга приказна. И покрај тоа, јас сум прилично добар, среќен сум и имам уште најмалку 30 години живот.”
[crp]
Најнови коментари