Мојот јазик, мојот дом

Во оваа прва испорака на новата серија на МХ Мојот јазик, Мојот дом ви го презентираме каталонскиот. Секој јазик е дом на една уникатна култура, на една помалку различна светска визија. Во оваа серија, луѓето кои живеат во овие региони во Европа ни објаснија што значи нивниот јазик за нив и зошто е толку важно да го одржуваат жив.

Луѓето кои пристигнуваат во Каталонија, било како туристи или студенти се сретнуваат со изненадувачки факт, за кој претходно не знаеле – каталонскиот- официјален јазик на територијата кој луѓето го употребуваат секојдневно. Непознавањето на овој факт ги изненадува и прави да се прашуваат – дали е ова дијалект на шпанскиот или официјален јазик? Сите ли го зборуваат или е стара мода? Што има различно, посебно? Во следните параграфи се разрешуваат овие прашања и се прикажува една општа визија за тоа што претставува јазикот за луѓето што го зборуваат?

20133027 catalan map

За почеток каталонскиот е јазик кој што се зборува на повеќе места од што изгледа. Покрај Каталонија, се слуша и на Балеарските острови, Франха де Поненте, во Валенсија каде што има и своја варијанта – валенсијански, во Андора, на некои местa на Француските Пиренеи, во градот Алгер, на островот Сардинија , Италија. Вкупно, повеќе од 11 милиони луѓе го употребуваат секој ден. Неверојатно. Навистина?

Сепак каталонскиот е официјален само во Каталонија, Андора, Валенсија, Балеарските острови и градот Алгер. За да имате идеја, се работи за романски јазик, мешавина од шпански и француски, зборуван јасно и грубо. Тоа е јазик кој датира од XI век, иако првиот пишан текст на каталонски се Беседите на Органиа од XII век, фрагменти на една заклетва за проповедување на евангелие. Каталонскиот е јазик кој, покрај другото, страдал од забрани за време на многу векови заради одделни историски настани, но сепак успеал да преживее до ден денес.

создал и зошто се генерализирал како таков во целата територија. Изразите како “има четири мачки”, се употребува да се искаже дека има малку луѓе на некое место или “дува и прави шишиња” се употребува за да се каже дека нештото се прави лесно. Исто така, постојат многу изрази како “полека полека се пополнува “ израз кој се употребува за да се каже дека нештата се постигнуваат полека.

Но, позади лингвистичките аспекти,каталонскиот има своја основа, исто како и сите други јазици. Сметам дека е важно да се одржува жив, бидејќи секогаш кога еден јазик изумира, светот губи една посебна и поразлична перспектива. Исто како што Ескимите имаат бесконечен број на зборови за да кажат бела боја, остатокот од светот не ги препознава нијансите кои тие ги препознаваат. Многу каталонски зборови чуваат во себе еден дел од историјата на Каталонија.

Би препорачала милиони автори како Мерсе Родореда, Салвадор Еспиру, Хоан Маргал, Мариус Торес, Пере Калдерс….на листата очигледно не и се гледа крајот. Секој од нив придонесол за она што денес претставува каталонскиот. Се сметам за привилегирана што живеам во место каде што можам да зборувам два јазика, шпански и каталонски, на неопределен начин. Ова е лично мислење, се разбира, исто како што има и луѓе кои се чувствуваат определени со само едниот од нив. Но, што има подобро, отколку добивање една нова перспектива на различни јазици и проширување на својот светоглед. Да, навистина се чувствувам среќна.

[crp]

Автор

Мириам Васкез (Шпанија)

Студира/Работи: Новинарство/Политички и административни науки

Зборува: шпански, каталонски, англиски и германски

Европа е..уникатно место каде што луѓе од различни култури, јазици и различни гледишта живеат заедно.

Twitter: @mirabroad

Илустрации

Andreea Mironiuc (Романија)

Хонорарен илустратор, зависник од чоколадо, сонувач со полно работно време.

Студира: Дизајн на мултимедија и комуникација

Говори: романски, англиски, шпански

Европа е… каде што ми е срцето.

Портфолио: www.andreeamironiuc.com

FB: www.facebook.com/andreeaillustration

Превод

Кристина Бушеска (Македонија)

Студира: Француски јазик и книжевност

Зборува: македонски, српско-хрватски, англиски, француски, шпански и малку романски

Европа:… е културна димензија, начин на живот, дом на големи умови.

Twitter: @Miss_Busheska

Превод

Petar Jankuloski (Македонија)

Студира: Превод и толкување (EN-MK-FR)

Работи: Global Voices на македонски (волонтер), TED Talks-заедница на преведувачи

Говори: македонски, српско-хрватски, англиски, француски, малку шпански, чешки и германски

Европа е… мој став… дом… порта кон светот… лулка на разновидноста

LinkedIn: Petar Jankuloski – LinkedIn profile


Author: Anja

Share This Post On

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

css.php