Четири визии на една реалност – хомосексуалноста во Русија

За да откриеме зошто 74 проценти од руското население не ја прифаќа хомосексуалноста ние зборувавме со Андреј Глушко, неговата пријателка Анастасија Беличкауа, младиот политички научник Нина Иванова и дописникот за El Mundo (шпански дневен весник). Според Андреј Глушко, тие се преселиле во Шпанија за да живеат слободно.

Русија и Шпанија се лоцирани на сосема различни страни на Европа, од север до југ, од исток до запад. Русија се граничи со Азија , Шпанија со Африка. Огромна географска оддалеченост која сепак  ја прекинала меѓусебната врска.

И покрај овие заеднички работи, постои голема социо-политичка разлика, која беше истакната од Pew Research Centre поставувајќи го прашањето: ,,Дали треба општеството да ја прифати хомосексуалноста?”  88% шпанци одговорија со да, најголем процент на позитивни одговори во светот, додека 74% руси одговорија со не, исто така најголем процент на негативни одговори во светот.

Податоците изложени во оваа студија одговараат на правните регулативи во зем0ијте. Геј браковите во Шпанија се дозволени од 2005 година. Во Русија, според извештај на BBC за дискриминацијата кон сексуалната ориентација, заедниците на личности од ист пол не се дозволени, дури и не постои закон кој ги уредува.

Покрај тоа, во Русија скоро донесен закон ги санкционира оние кои ја шират идејата за не-традиционална сексуална ориентација или дека традиционалната сексуална ориентација и нетрадиционалната имаат еднакво место во општеството.

Како овој закон е применет во Русија покажува Хавиер Колас, дописникот за El Mundo кој вели “Иако законот е формиран на начин да ја задржи идејата за хомосексуализмот настрана од децата, во реалноста хомосексуалците не можат да организираат настани или јавни протести, не можат ни да ги искористат медиумите…”

Позади сите овие истражувања и закони постојат луѓето и нивните приказни. Во Meeting Halfway сакавме да направиме повеќестрано истражување со четири различни погледи на истото прашање. Андреј Глушко, кој ја напуштил Русија заради сексуалната ориентација, Анастасија Беличкауа, која не верува дека хомосексуалците се хомосексуалци по природа, младиот политички научник Нина Иванова, која вели дека секој млад хомосексуалец во Русија мора да ги крие своите сексуални преферирања затоа што може да биде нападнат од хулигани и Хавиер Колас, дописникот за El Mundo во Москва, кој тврди дека постои поврзување во Русија на хомосексуалноста со педофилијата, што би требало да ја направи дебатата малку покомплицирана.

 

ИНТЕРВЈУ СО АНДРЕЈ ГЛУШКО

 

Андреј Глушеско има 26 години и е роден во Краснодар, град со еден милион население, на југот на Русија, во близина на Каукасо. Тој студирал економија во Пуатигорск и се согласи да ни раскаже зошто се одлучил да го напушти својот роден крај и да се пресели да живее во Мадрид.

Каков беше твојот живот во Русија?

Среќен бев, заинтересиран бев  за историјата на Русија, незината култура, литература и сликарство. Ја сакам културата на мојата земја, но животот не е многу добар, посебно за хомосексуалците. Ако си хомосексуалец и сакаш да водиш мирен, тивок живот со своето идно семејство, никогаш нема да имаш слобода, никогаш нема да имаш обичен живот, тивок и нормален.

Зошто се пресели?

Во Русија сè се движи прилично брзо, со 22 години од тебе се очекува да бидеш зрела, стабилна, средена личност и ако немаш жена и деца, луѓето чудно те гледаат. Кога  наполнив 22 години, јас веќе имав дипломирано, имав и работа, сè се одвиваше според планот. Тогаш сфатив дека тука повеќе нема ништо за мене, не можев да имам партнер ниту семејство, мојот свет се рушеше. Морав да одлучам, дали сакам да продолжам со својот нормален живот или да заминам и да почнам од нула. Решив да почнам од ново, од нула. Во мојот свет во Русија за хомосексуалноста не се ни зборуваше. Имав само таен круг на геј пријатели и тоа беше тоа. Затоа јас напуштив сè, на моето семеjство им кажав дека сакам да студирам во странство но, само тоа им го кажав на родителите. Татко ми се уште мисли дека јас сум тука заради културата, моите родители не знаат дека јас сум геј, и никогаш нема ни да дознаат. Знае само мојата сестра, јас и` кажав пред околу една година.

А во Шпанија, удобно ли ти е ?

Да, тука сум среќен, ја обожавам Шпанија, таа е мојата втора татковина. Иако мислам дека е навистина тешко да преживееш тука, вие шпанците сте малку…. вие сте отворени луѓе но,всушност е навистина тешко да се стекнат пријатели шпанци. Шпанците се социјални до одредена точка, разговараат со тебе, се шегуваат но ништо повеќе, потоа едноставно ја прекинуваат социјализацијата. И покрај тоа јас се чувствувам удобно во Шпанија, би живеел тука цел свој живот. Сум патувал низ Европа но, оваа земја ми се допаѓа најмногу. Тука се чувствувам позаштитен одколку во својата земја.

Дали мислиш дека податоците од истражувањето, она кое тврди дека повеќето руси не се толерантни кон хомосексуалците влијаеше врз твојот секојдневен живот?

Јас всушност не видов случаеви на агресија во Русија, затоа што во реалноста хомосексуалноста се третираше како да не постои.  Темата се актуализира во новата влада на Путин. Јас не знам зошто всушност оваа тема добива толкаво внимание, можеби за да се отргне јавноста од други посериозни работи.  Денес за хомосексуалноста се зборува скоро секој ден. Луѓето се советуваат дека тоа е негативна работа, можеби на крајот  и  ќе поверуваат. Всушност кога беше донесен законот за забрана на хомосексуалната пропаганда, татко ми ми се јави да ми каже дека се согласува со тоа. Постои дури и политичка партија која јавно се залага за пропаганда која одобрува убивање на хомосексуалци на Црвениот плоштад. Има луѓе кои почнуваат да се поведуваат по тоа…

Во времето на СССР хомосексуалноста се сметаше за болест. Постои ли некој напредок во поново време?

Всушност, во тоа време ве затвораа. Јасната граница е заматена. Постои закон кој беше усвоен неодамна според кој се забранува пропаганда за хомосексуалноста и педофилијата, како тоа да е едно исто. Проблемот е можеби што во рускиот јазик нема голема разлика помеѓу зборовите педер и педофил, па многу луѓе веруваат дека педофил и хомосексуалец е исто.

Овој закон, кој ја забранува хомосексуалната пропаганда беше одобрен од скоро сите членови на парламентот. Зарем нема политичка партија која е за толеранција?

Постои круг на политичари кои се геј и отворено зборуваат за тоа, тие и се борат за нашите права. Како и да е, проблемот е што наводно Русија е демократска земја,а всушност не е. Русија не е демократска земја и никогаш не била.  Но не ме плаши тоа што не е демократска земја, ме плаши што е под диктаторство повеќе од порано. Се враќаме назад во историјата.

Одлуките кои Русија ги донесува на оваа тема, влијаат и врз другите земји. Во Шпанија, на пример, Русија го има забрането посвојувањето на руски деца од страна на хомосексуалци, надлежните во Шпанија треба да докажат дека детето нема да биде посвоено од хомосексуален пар.

Во Русија има многу деца кои се сами, немаат никој. Знам каков е нивниот живот, мојот колеџ примаше сираци и напуштени деца, во постојана битка се да преживеат. Верувам дека е подобро  да имаат мајка или некој друг кој ќе се грижи за нив. Она што руската влада го прави во моментов укажува на тоа дека хомосексуалците не треба да им се приближуваат на децата, дури и да не зборуваат со нив, како да се плашат дека ќе им пренесат некоја болест. [http://www.hrw.org/news/2013/09/13/anti-gay-law-shames-putin-s-russia]

Зошто мислиш дека ова се случува во Русија?

 Прво, во смисла на хомосексуалноста, руската православна религија е многу строга, построга од католицизмот. Второ мислам дека дел од вината оди кај Сталин, тој беше тој кој го креираше првиот закон против хомосексуализмот, па многу од луѓето го задржаа тој комунистички менталитет. Всушност се работи за комбинација на повеќе нешта.

Но сепак и во Шпанија, голем процент од католиците не се за трендот на прифаќање на хомосексуализмот…

Но, во Шпанија хомосексуалците едноставно не се грижат за тоа.

Значи ли тоа дека не ја ценат слободата која ја имаат?

Не, тие се навикнати да живеат мирен и лесен живот. И јас се навикнав, но кога моите пријатели дојдоа на посета во Мадрид, беа запрепастени. Додека се шеташ помислуваш зарем навистина станало толку екстремно?  И јас мислам дека понекогаш се претерува, за мене најважно е да можам да живеам мирно и слободно.

Стигнавме до крајот на ова интервју. Последното прашање се однесува на тоа дали сакаш  твоето вистинско име да се појави на интервјуто или би преферирал псевдоним?

Ставете го моето вистинско име, јас немам што да кријам.

2ana

Интервју со Анастасија Белискауа

 

Анастасија Белискауа  живее во Св. Петерзбург, нејзиниот меил го потпиша со: ,,жал ми е ако навредив некого.” Таа му е добра пријателка на Андреј Глушко.

Јас верувам дека хомосексуалната љубов може да биде вистинска но реално не верувам дека секој хомосексуалец е по природа таков, многу луѓе се под влијание на модните трендови, понекогаш е само потреба за креативно изразување или желба да се проба нешто ново во сексуална смисла. Што се однесува на мене, јас познавам некои од нив но, едноставно не го подржувам нивниот начин на живот. Од друга страна целиот свет природно е хетеросексуален, ти, јас, сите останати. Но секој има желби и слабости, еден човек може да избере традиционална врска имитирајќи ги постојните врски во семејството, додека друг, колку и да звучи религиозно, не можејќи да излезе на крај со сопствените внатрешни проблеми, па решението го наоѓа во хомосексуалноста.

Тешко е да се пишува на оваа тема, посебно кога живееш во Шпанија, земја со целосно различен менталитет и филозофија на живот во однос на Русија.  Нашиот однос кон овој проблем датира далеку во историјата и историски гледано хомосексуалноста  никогаш не била типична сексуалност. Јас ја прифаќам хомосексуалноста, но не сакам моите деца, мојот дедо или родители  утре на улица да гледаат геј кампови, кои пак по природа би требало да бидат симбол на храброст, самодоверба и на крај и на посилниот пол.

Што се однесува до јавните протести, сум против порнографските шоуа. Ако хомосексуалците сакаат нормален живот треба да престанат постојано да го истакнуваат овој проблем. Разбирам колку е важно за нив да го заштитат нивниот начин на живот и колку е тешко постојано да си предмет на психички притисок. Јас имам пријатели хомосексуалци и не разговарам со нив за тоа, затоа што едноставно ги третирам како сите мои пријатели, без дискриминација.

 

3nina

Интервју Нина Иванова

 

Нина Иванова, преферира да се појави под псевдоним, има 23 години и студира регионални студии и меѓународни врски, сега живее во Екатеримбург-главниот град на Урал. Таа го понуди своето лично мислење за законот против  пропагандата за не-традиционални врски кај малолетници.

,,Претпоставувам дека сексуалната ориентација е приватен дел од животот. Секоја личност, без разлика дали е машко или женско би требала слободно да одбере. Но ова личност не би требало да ги принудува останатите да ја одберат истата хомосексуална ориентација како неа. Во Русија луѓето се многу конзервативни кога станува збор за прифаќање на хомосексуалноста околу нив. За мене е многу тажно што младите геј парови мораат да ја кријат својата сексуална ориентација за да се заштитат од агресијата на хулиганите.

И моите пријатели мислат исто, ние живееме во голем град, патуваме често и разбираме дека треба да се толерираат и почитуваат луѓето без разлика на нивната религија, возраст, националност или сексуална ориентација. Меѓутоа,  за мене е многу непријатно, кога некој, без разлика хомосексуалец или хетеросексуалец, ги презентира во јавност своите чувства и наклонетости, тоа би требало да остане во приватност.

Исто така многу луѓе велат дека овој проблем и не е така сериозен, премногу внимание се обрнува на ЛГБТ темата ( лезбејки, геј, бисексуалци и транссексуалци). Во Русија постојат поважни социјални проблеми, на пример тоа што луѓето мора да чекаат и до неколку години за место во детска градинка.”

 

4xavier

Интервју со Хавиер Колас: дописник за El Mundo во Москва

 

Хавиер Колас е дописник за El Mundo од Москва. El Mundo е еден од најпопуларните весници во Шпанија. Тој работи како дописник од јануари 2012, претходно живеел во Св. Петерзбург како студент.

Зошто мислиш дека хомосексуалноста не е прифатена во Русија?

Мислам дека во Русија има огромен недостаток на емпатија, нивното граѓанско општество е многу слабо, скоро непостоечко. Ни во Шпанија пред 30 години хомосексуалноста не беше прифатена, но постоеше одреден почит кон нештата што не ги разбиравме. Со тек на време ја слушнавме оваа заедница на луѓе и станавме горди на нив. Во Русија луѓето тешко ги сослушуваат другите, можеби заради нивната сопствена несигурност креирана од руската криза на идентитетот. На врвот на тоа, руското општество е строго традиционално во одредени погледи, на пример за  феминизмот или екологијата, а од друга страна е отворено за други како што се разводот, сексот или интернетот. Постои тенденција за поврзување на хомосексуалците со педофилите и тоа дополнително ја комплицира дебатата.

Дали мислиш дека оваа нетолеранција е  предизвикана од хомофобија или се работи за нешто повеќе културолошко?

Владата појавува  форма на опозиција кон хомосексуалците, освен кон оние кои го кријат својот однос. Кремљ не сака хомосексуалците да зборуваат за медиумите на англиски, мислат дека тоа ќе го актуализира овој проблем и во крајна линија ќе ја уништи сликата за Русија. Народот, од друга страна, е традиционален и го признава тоа, тие навистина веруваат дека хомосексуалноста е проблем и дека ќе го расипе општеството. Мислам дека не знаат ни за што зборуваат, не знаат затоа што не се подготвени да сослушаат, па луѓето не ни зборуваат многу за тоа. Сѐ останува само скриено. Проблемот не е што се уште постојат предрасуди, проблемот е што никој не реагира на овие предрасуди. Недоверлива кон надворешна помош, Русија се доживува како затворен континент што го отежнува пронаоѓањето на решение.

Дали си присуствувал на некој протест кој ги брани правата на хомосексуалците или можеби на некој кој бил против? Каква е атмосферата таму?

Да, сум присуствувал, атмосферата таму е напната, некои луѓе се брутални и одат на протестите само за да ги навредуваат другите. Најзабележително е тоа што во Русија и нема многу хетеросексуалци кои се спремни да ги бранат правата на хомосексуалците. Многу луѓе не знаат но понекогаш многу од повредените се всушност против. Борбата за правата на хомосексуалците ги замешува работите тука во Русија, кога луѓето извикуваат ,,педофили” на плоштадот, осум пати едно по друго, протестантите поминуваат низ полицискиот коридор удирајќи наоколу, се додека не се сретнат со анти-геј протестантите врз кои продолжуваат да удираат. Еднаш бев на геј протест на кој никој друг не дојде, бевме само полицијата и јас. Знамињата на парадата на гордоста се чести кај парламенталната опозиција која одбива ова прашање да го стави во центар на вниманието, како минување со глава низ ѕид. Сега сите протести за правата на хомосексуалците се забранети. Законот кој ја забранува хомосексуалната пропаганда кај малолетници е смешен, затоа што всушност ти и не можеш да се појавиш како хомосексуалец некаде од страв дека можеби ќе ги навредиш децата. Русија ги затвори вратите за хомосексуалците.

Дали мислиш дека ситуацијата ќе се подобри во иднина?

Да, без сомнеж. Хомосексуалците ќе ја добијат оваа борба како што ја добија во Шпанија. Тоа е како живеење во Америка во шеесетите, кога тие се соочуваа со проблемот на геј правото. Тешка борба,но на долг пат прогресивна. Руското општество не е диктирано од владата, луѓето се подготвени да страдаат од владините сфаќања во размена на нивната слобода во иднина.

Дали мислиш дека новата млада генерација е потолерантна?

Не мислам дека младите се потолерантни, но дефинитивно се повеќе слободноумни и лесно убедливи. Младите полесно ги споделуваат своите гледишта и не се толку послушни на секој владин каприц.  Голема разлика може да се забележи меѓу Москва и Св. Петерзбург со останатиот дел од Русија. Во некои места ова е комплициран проблем, многу хомосексуалци се нападнати од локални банди кои се извлекуваат без казни. Во главниот град, сите ја делат фрустрацијата, додека зад затворени врати хомосексуалците прават што сакаат.

Многу сум заинтересиран за твоето мислење за ова што се случува.

Пред една година кога разговарав со двајца руси, ги спомнав правата на хомосексуалците, одбиваа вмешување но,  не можеа да го контролираат навредливиот тон. Велеа, ,,епа јас немам ништо против нив, ништо не ми направиле, тие се такви и едноставно не можат да се променат, но не би сакале да направат поголема штета.’’  Се добива впечаток како да ги сожалуваат хомосексуалците. Пред неколку месеци на друга забава,  присуствуваше еден мој геј-пријател од колеџ, тој не е воопшто недопадлив, пријателски  расположен латино американец кој зборува добро руски. Се наоѓаше во голема група луѓе, ги запомна имињата на сите и им делеше комплименти, со него беше и неговиот  атрактивен дечко од Русија. Скоро сите беа воодушевени од нив, беа навистина подобри од останатите. Сите на забавата посакаа да имаат колеги како моите. И на крај, минатата недела имаше друга забава на која се случи истото.  Имаше прекрасен геј пар, едниот дечко од Русија, другиот од Шпанија, и двајцата инструктори за фитнес и танц. Тие беа цело време опкружени со луѓе, после забавата ги додадоа сите на facebook и ги поканија на нивната роденденска прослава. ,,Тие се супер.” ,,Колку фини дечки.” Ова се разбира не е знак на педофилија. Сликата за хомосексуалците како луди, гнасни педофили ќе постои ако на луѓето не им се покаже поинаку. Кога луѓето ќе почнат да се претставуваат какви што навистина се оваа фарса ќе се распадне и во Русија. И кога ќе биде напуштена идејата дека хомосексуалците се само трошење на време, историјата ќе се го направи своето. Како хетеросексуалец јас секогаш сум се потсмевал на ,,Парадата на гордоста”, на што имаат да бидат горди? Да се биде хомосексуалец не е постигнување. Но,во Русија научив дека иако не е постигнување, гордоста и верувањето во себе се основни во борбата против дискриминацијата. Во оваа хомофобична војна, прво што ќе го изгуби Русија ќе бидат жените. Жените секогаш ќе бидат пред нив. Штом ќе ги изгубат жените и хомофобијата ќе ја изгуби војната.

Автор

Х. Игнацио Уркихо Санчез (Шпанија)

Студира: Новинарство и меѓународни односи

Зборува: шпански, англиски, основен каталонски

Европа е…мешавина од неверојатни култури , од Шекспир до Сервантес, од манастирот Рила до зајдисонце во Роке Нубло.

Blog: www.ignaciourquijo.wordpress.com

Twitter: @nachourquijo

Илустрации

Andreea Mironiuc (Романија)

Хонорарен илустратор, зависник од чоколадо, сонувач со полно работно време.

Студира: Дизајн на мултимедија и комуникација

Говори: романски, англиски, шпански

Европа е… каде што ми е срцето.

Портфолио: www.andreeamironiuc.com

FB: www.facebook.com/andreeaillustration

Превод

Eva Vasileska (Македонија)

Студира: Архитектура

Говори: македонски, англиски, српски, хрватски и словенечки

Европа е… место во кое мора да се живее!

Linkedlin: http://si.linkedin.com/pub/eva-vasileska/5a/351/60a

Превод

Кристина Бушеска (Македонија)

Студира: Француски јазик и книжевност

Зборува: македонски, српско-хрватски, англиски, француски, шпански и малку романски

Европа:… е културна димензија, начин на живот, дом на големи умови.

Twitter: @Miss_Busheska

 

Author: Anja

Share This Post On

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

css.php