Ферија де Абрил – приказ на Севиља во нејзиното најдобро светло

Секоја година, две недели по католичкиот Велигден, андалузискиот главен град е домаќин на долгоочекуваниот Ферија де Абрил (априлски панаѓур), динамичен фестивал во кој вистинските протагонисти се културните, музичките и кулинарните традиции. Тој претставува уникатна можност да се нурне во андалузискиот стил на живот и традиции. Оваа година, фестивалот ќе се одржи од 4 до 11 мај.

Ферија де Абрил започнал како мал земјоделски и сточарски панаѓур, но со текот на времето станал голем фолклорен и забавен настан, како и туристичка атракција со значителен економски придонес. Меѓутоа, настанот сѐ уште престставува важно место за друштвени собирања на севилците и можност одново да се откријат севилските традиции. Фестивалот трае седум интензивни дена каде што локалното население и туристите ги преплавуваат улиците на Севиља, каде што одекнува буката на приколките и коњите и каде што сѐ е осветлено од светлите бои на ладалата и на трахе де фламенка – елегантните традиционални фустани кои се нишаат при танчарските потези на севилијаната – локална варијанта на фламенко.

Поглед на големиот забавен парк од панорамното тркало

Живата и весела атмосфера која ја исполнува Севиља ја достигнува кулминацијата внатре во Реал де ла Ферија – простор со ограда која се дига секоја година во градската област Лос Ремедиос со цел да се одржи настанот. Тој е замислен како град во град, изграден врз жолтеникава песоклива земја која е се нарекува алберо, каде што се поставуват повеќе од илјада касети. Тие всушност се шарени шатори во сите големини и во форма на куќарки со елегантен дрвен ентериер, украсени со пругави завеси и цвеќиња, место каде што семејствата се собираат и прославуваат. За разлика од другите андалузиски фестивали, скоро сите касети во Севиља се приватни, што значи дека пристап до нив имаат само одредени гости. Сепак, постојат и јавни касети кои ги претставуваат политичките партии, градските населби и општината. Касетите се групирани во 24 четврти и се распоредени долж 15 улици, секоја од нив именувана по познат севилси тореадор и осветлена од шарени хартиени фенери, наречени фаролиљос. Големиот ограден простор на панаѓурот исто така ги содржи т.н. Кале дел Инфиерно, „пеколната улица“ посветена на најмладите посетители коишто тука може да пронајдат прекрасен забавен парк со вртелешки и секогаш присутното панорамско тркало, како и бројните тезги со играчки и места за одмор.

Касети на песоклива земја и севилци во традиционални костими.

Има два настани коишто не смеат да се пропуштат за време на оваа седмица на забава и танцување на звукот на традиционалната музика: церемонијата алумбрадо и огнометот, кои последователно го отсликуваат почетокот и крајот на Ферија де Абрил.
Церемонијата алумбрадо се одржува за време на ноче де пескаито (ноќ на пржена риба), која е окарактеризирана со традиционална морска вечера и со светлото од фаролиљосите, како и со портада – впечатливиот свод при влезот во оградениот простор. Церемонијата започнува на полноќ. Украсите на портадата се менуваат секоја година и секогаш се посветени на некој важен севилски настан.

Фаролиљосите и безбројните светилки кои ги осветлуваат улиците внатре во оградениот простор на Феријата.

Осветлувањето го претставува почетокот на празничната недела, каде што храната, меѓу другите бројни севилски традиции, игра важна улога. Во касетите секогаш се присутни тортиља де патата (фритата од компир) и вкусната локална суво-конзервирана шунка, проследени со многу други деликатеси, во придружба со вино фино и манцаниља, две врсти на суво бело вино.
Меѓутоа, неоспорениот крал на гозбата останува ребухитото, освежувачки и лесно-алкохолен пијалак. Потребен е за да се справите со пеколните температури на Севиља и за да си ја повратите силата помеѓу игранките. Се прави со мешање на вино фино и манцаниња со газиран пијалак и… количина на мраз по сопствена желба!

Приватна касета со дрвен ентериер, украсена со традиционалните зелено-бели пругави елементи.

Како и во приказните, оваа прослава на бои, вкусови, танци, песни и традиции завршува точно на полноќ на седмиот ден, кога светлата на портадата и на фаролиљосите ќе се изгаснат по едно убаво огнометно шоу, оставајќи еден меланхоличен впечаток во срцата на публиката коишто немаат друга алтернатива освен со душа да ја чекааат наредната Ферија.

Author

Моника Никол (Италија)

Студира: Превод

Јазици: Италијански, англиски, шпански, каталански

Европа е... мост меѓу различни јазици и култури

Translator

Daniel Matrakoski

Работи како хонорарен толкувач и преведувач

Јазици: македонски, англиски, германски (средно ниво)

Европа е мој стремеж 

Author: alessandra

Share This Post On

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

css.php